Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски

„Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е ветено. Не земајте ништо здраво за готово и ценете ги моментите што ги имате со саканата личност“.

edna-najvazhna-lekcija-shto-ja-nauchiv-za-ljubovnite-vrski-01.jpg

Сите сонуваме да ја пронајдеме вистинската љубов и да изградиме стабилна иднина со неа, но не сите ја имаме оваа среќа.

Луѓе на Редит споделуваат кои се најважните лекции во љубовта, што ги научиле на своја кожа, на полесен или потежок начин.

Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски:

„Извинување не се зборови, туку промена во начинот на однесување“.

„Ако некој еднаш се навикне да ве злоупотребува, тоа нема никогаш да се промени, без разлика колку се трудите“.

„Не смеете да останете во врска во која секогаш мора да молите некого за внимание“.

„Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е ветено. Не земајте ништо здраво за готово и ценете ги моментите што ги имате со саканата личност“.

„Некој може да ви кажува најслатки работи на свет и да ги мисли, но само во тој миг, а миговите се минливи“.

„Понекогаш работите не функционираат и тоа е во ред, но не мора да се мразите еден со друг и да си кажувате навредувачки зборови, само затоа што така е полесно“.

edna-najvazhna-lekcija-shto-ja-nauchiv-za-ljubovnite-vrski-02.jpg

„Луѓето ви кажуваат кои се, само треба внимателно да ги слушате“.

„Можете сè да направите правилно и на крај работите повторно да не функционираат“.

„Љубовната врска е како билка, наводнувајте ја и негувајте ја – таа ќе расте, запоставувајте ја и не вложувајте труд – таа ќе овене и умре“.

„Ако има едно црвено знаме, бидете оптимисти, но бидете внимателни ако има 10 црвени знамиња, никако не ги игнорирајте и обрнете внимание на нив“.

„Не се враќајте назад. Раскинавте со причина, понекогаш потребно е да мислите на себе и да си покажете почит“.

„Никогаш не дозволувајте да ве контролираат, верувајте тоа е полошо, отколку да бидете сингл“.

„Не можете да ги смените луѓето, токсичните луѓе ќе ве уништат и со ништо не можете да го промените тоа, затоа оставете ги побрзо“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg