20 фрази кои ја решаваат кавгата со партнерот
Расправиите со партнерот не се ништо невообичаено, но со лошо одбрани зборови, инает и лутина може да се комплицираат работите. За да спречите кавгата да прерасне во пресметка, обидете се да го пронајдете вистинското оружје кое ќе ги смири страстите.
Иако е многу тешко да попуштите на сред расправија, ако сакате да ги решите несогласувањата со партнерот, потребно е да се „застане на топката“ и да се размисли што ќе се каже следно.
Ако се најдете сред таков проблем, обидете се да ја ублажите ситуацијата со овие фрази:
- Обиди се да се ставиш во моја позиција.
- Чекај, сепак малку претерав.
- Не барам од тебе да го решиш проблемот, туку ми е многу полесно ако ти се пожалам.
- Те молам сослушај ме до крај, ова ми е многу важно.
- Гледам дека си во навистина тешка ситуација.
- Имаш право, не сум размислувал/а на тој начин.
- Можеби не си во право.
- Добро, ајде да се согласиме дека не се согласуваме околу тоа.
- Тоа не е само твој проблем, тоа е наш проблем!
- Се чувствувам како да не го цениш моето мислење.
- Тоа повеќе не е тема на расправија.
- Ме убеди!
- Те молам, зборувај со мене.
- Знам дека не си виновен/а.
- Не сакав така да излезе.
- Добро, јас сум крив/а.
- Зошто воопшто се караме околу тоа?
- Можам ли нешто да направам за да ја поправам ситуацијата?
- Извини!
- Те сакам.