Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите?

Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе разговараат, ќе одат на вечера или заедно ќе гледаат филм.

shto-sakaat-zhenite-od-nivnite-partneri-za-da-bidat-srekjni-spored-psiholozite-01.jpg

Кога ќе помине почетната еуфорија во врската, неретко партнерите запоставуваат некои работи во односот.

Но, иако овие работи изгледаат како ситници, имаат огромно влијание врз врската.

Што им треба на жените за да се чувствуваат сакано, според психолозите?

Да се чувствуваат посакувано

Жените сакаат да видат дека партнерот се труди да ги освои, без разлика колку долго се заедно.

Исто како на почетокот на секоја врска, сакаат да почувствуваат дека партнерот навистина ги посакува.

Не е доволно само да иницирате секс во спалната соба, туку треба да флертувате со партнерката дури и кога не сте дома, да ѝ дадете комплимент, да ја однесете на вечера…

Да минуваат време со партнерот

Само затоа што живеете со партнерката не значи дека тоа е доволно заедничко време.

На жените им треба квалитетно време со партнерот, период од денот кога ќе бидете посветени само на неа.

Период кога ќе ѝ обрнувате внимание, ќе разговарате, ќе одвоите време за заедничка активност и слично.

shto-sakaat-zhenite-od-nivnite-partneri-za-da-bidat-srekjni-spored-psiholozite-02.jpg

Партнерот да си ги признае несовршеностите

Жените не очекуваат партнерот да биде совршен, но сакаат тој да биде свесен за неговите недостатоци.

Па, кога ќе направите грешка, немојте да пробувате да докажете дека вие сте безгрешни, туку признајте, разговарајте за проблемот и избегнувајте го во иднина.

Партнерот да ги контролира емоциите

Жените сакаат кога партнерот е ранлив пред нив бидејќи ова ја зголемува интимната близина.

Но, партнерот треба да знае и да ги контролира емоциите.

Ако, на пример, е гневен, тоа не му дава дозвола да ѝ „се истури“ на партнерката и да прави сцени дома.

Туку, треба да биде отворен за своите чувства, да разговара за нив и да се најде решение доколку има проблем.

shto-sakaat-zhenite-od-nivnite-partneri-za-da-bidat-srekjni-spored-psiholozite-03.jpg

Партнерот да ја разбира невербалната комуникација

Невербалната комуникација е исто важна колку и вербалната.

Ако забележите дека партнерката е уморна, понудете вие да подготвите вечера – не чекајте таа да ве моли.

Ако забележите дека е тажна, прашајте ја што ја мачи, ако забележите дека е под стрес, понудете да ѝ помогнете…

Партнерот да биде искрен

Довербата е темел на секоја врска и за секоја жена е важно партнерот да биде искрен.

Немојте да криете ништо од партнерката и со неа секогаш бидете што е можно поотворени.

shto-sakaat-zhenite-od-nivnite-partneri-za-da-bidat-srekjni-spored-psiholozite-04.jpg

Јавно покажување љубов

Фатете ја партнерката за рака кога сте излезени, бакнете ја прегрнете ја…

Овие ситници прават огромна разлика бидејќи ѝ покажуваат на партнерката дека вистински ја сакате.

Сакаат да знаат што партнерот мисли за нив

Важно е да ѝ кажувате на партнерката што мислите за неа.

Односно, немојте само еднаш во денот да ѝ речете „те сакам“, туку кажете ѝ дека ја сакате нејзината насмевка, дека новата фризура ѝ стои добро, дека многу добро се справила со проблемот на работа.

Со ова ја потврдувате вашата љубов и правите таа се чувствува сакано и ценето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg