Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците?
Проблеми или мани со кои ќе се соочите во врската со постар/а партнер/ка
Непријатни прашања
Кога сте во врска со постар/а партнер/ка, прашањата на кои не би сакале да дадете одговор стануваат ваше секојдневие.
Сите одеднаш се интересираат за околностите под кои сте се запознале и едноставно се наоѓате себеси како се правдате дека не сте со него/неа поради пари или некаква корист.
Запознавање со родителите
Ова не е лесен чекор ниту со помлад партнер, но ако партнерот или партнерката е постар/а, тогаш е уште потешко.
Нема спонтаност
И додека некој на ваша возраст може многу лесно да се согласи да заборави на сите обврски и да замине на пат низ Европа со ранци на грб, такво нешто со некој кој навлегол во 4-та или 5-та деценија од животот станува незамисливо.
Вашите пријатели нема да можат да се дружат
Ова е можеби најпроблематичната ставка.
Начинот на кој вие двајца функционирате заедно е хемија што не можете да ја пренесете на вашите пријатели.
С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com