8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б)
Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано споменува некоја Ана од работа или некој Горан од теретана.
Луан Вард е експерт за врски од САД и на својот Инстаграм профил постојано споделува љубовни совети и тактики.
Во едно од нејзините неодамнешни видеа таа говори за знаците дека партнерот си подготвува стратегија за излез од врската/бракот.
Знаците дека партнерот планира да ве напушти, кои се на нејзината листа:
- Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано споменува некоја Ана од работа или некој Горан од теретана.
- Станува многу внимателен со парите, буквално опседнат е со буџетот. Можеби штеди за соло живот или изнајмување на стан.
- Почнува да оди на разни настани и места, без да ве покани вас. Има ново хоби, нова група пријатели и вие не сте дел од овие планови.
- Одненадеж споменува колку е незадоволен/а од врската, па ве прашува колку сте среќни вие, па ви наметнува да признаете дека не сте. Ова му помага да си го оправда заминувањето.
- Се повлекува емоционално. Разговорите ви стануваат површни и престанува да ги споделува со вас своите мисли и соништа.
- Ненадејно станува многу зафатен и приоритет му се собирите од работа и сè останато. Ова е стратешко дистанцирање.
- Си планира време за себе, буквално како да вежба за живот без вас.
- Избегнува да прави планови за иднината со вас.