Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи?

Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минути заедно – како да ја задржите хармонијата во бракот, дури и по многу години заедно?

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-01.jpg

Почетокот на секоја врска е возбудлив. И за двајцата партнери претставува нешто ново, па настојуваат да се гледаат многу често, постојано си изјавуваат љубов…

По некое време, оваа возбуда спласнува, но тоа воопшто не значи дека врската ќе биде здодевна.

Напротив, со текот на времето партнерот се претвора во вашиот најдобар пријател, се чувствувате безбедно и опуштено покрај него.

Сепак, мора и двајцата да се потрудите и да обрнете внимание на некои ситници ако сакате хармонијата да опстане.

Па, како да ја одржите хармонијата во бракот според адвокати за разводи кои се свесни за најчестите проблеми помеѓу паровите?

Не ги игнорирајте „малите“ проблеми

Без разлика колку мал ви се чини некој проблем, штом мислите на него, вреди да дискутирате со партнерот.

Подобро сега веднаш да најдете решение, отколку подоцна да го користите како „оружје“ против партнерот.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-02.jpg

Зборувајте за вашите потреби и желби

Вашиот партер не може да чита мисли.

Па, ако сакате нешто, ако нешто не ви се допаѓа, ако сте загрижени за што било, кажете му.

Комуникацијата е столб на секоја врска.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-03_copy.jpg

Малите гестови се многу важни

Без разлика колку долго сте заедно, не заборавајте да го изненадите партнерот со некоја ситница.

Направете му го омиленото јадење, купете му чоколадо… Генерално, што било што знаете дека ќе го расположи.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-05.jpg

Секој ден поминувајте барем 20 минути заедно

Факт е дека во модерното општество, може да биде предизвик да најдете време за партнерот. Но, ако не минувате време заедно, ќе се оддалечите.

Затоа, потрудете се секој ден да поминете барем 20 минути заедно ако не можете повеќе.

Отидете на кратка прошетка, заедно џогирајте, заедно одете до продавница…

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg