Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи?

Не заборавајте да си давате комплименти

Само затоа што сте го освоиле партнерот, не значи дека треба да престанете со комплименти.

Уште подобро ако го фалите партнерот и пред други луѓе.

Со ова ќе покажете колку всушност ви значи.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-07.jpg

Немојте потполно да се запоставите

Со годините нормално е да качите некој килограм, да бидете помалку активни и слично.

Но, само затоа што сте во брак, не значи дека треба целосно да си го запуштите изгледот.

И, ова не е поради вашиот партнер. Кога вие ќе се чувствувате удобно и убаво во своја кожа, ќе забележите позитивни промени и во односот со партнерот.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-10.jpg

Важно е да минувате време заедно, но важно е и да имате свои животи

Вие и партнерот сте различни личности и нормално е, дури и неопходно да си имате посебни животи.

Излегувајте со пријатели, а не само заедно, правете работи што вам ви причинуваат задоволство без партнерот…

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-11.jpg

Мора да бидете најдобри пријатели

Нема потреба да се откажете од вашите добри пријатели.

Но, не заборавајте дека партнерот треба да ви биде најдобриот пријател.

Тој е личноста со којашто минувате најмногу време, со којашто градите живот, па ако не сте најдобри пријатели, размислете зошто е тоа така.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-12.jpg

Не заборавајте да си кажете „те сакам“

Чест проблем кај паровите кои се долго време заедно е губењето на страста.

Ова, пак, произлегува од тоа што по некое време, како да забораваат да си кажат дека се сакаат и да си кажат колку се ценат.

Па, не заборавајте барем еднаш во денот да му кажете на партнерот колку го сакате.

niz-ilustracii-kako-da-ja-odrzhite-harmonijata-vo-brakot-spored-advokati-za-razvodi-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg