Виe прашувате, македонски сексолог одговара: „Партнерот доживува оргазам за 2 минути, како да му помогнам?“
„Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогнам да потрае?“ Ова е едно од прашањата што читателка на CRNOBELO.com го постави до клиничкиот сексолог Фросина Крстаноска, во рамки на рубриката „Вие прашувате, македонски сексолог одговара“.
Во текот на изминатиот месец на Инстаграм профилот на CRNOBELO.com, читателите имаа можност да постават прашања поврзани со сексуалното здравје, упатени до докторката Фросина Крстаноска.
Прочитајте го одговорот на две од прашањата што пристигнаа до нашата редакција:
„Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогнам да потрае?“
Вашиот партнер има проблеми со ерекција, ејакулација или двете?
Без податоци и разговор со двајцата тешко можам да одговорам. Многу е важно да се знае дали тоа се случува од неговиот прв сексуален однос во животот или подоцна се јавува.
Прашањето е едно од најчестите во сексологија и би можела да помогнам во амбулантата доколку тоа ви создава стрес.
„Секс за време на менструација - дали и зошто да или не?“
Сексот за време на менструација зависи од желбата и прифаќањето нa двајцата партнери. Со оглед на хигиената, постои некој ризик од инфекција, па затоа можеби е подобро да користите презерватив.
Исто така, се препорачува уринирање после пенетрација.
Не го советувам како идеална форма на сексуален однос, но ако се случи, сосема е нормален, ако и двајцата партнери се за тоа.
Прочитајте и Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се загуби невиноста?“
На вашите прашања одговара д-р Фросина Крстаноска - интернист и хематолог, и член на Европскиот комитет за сексуална медицина (FESCM).
Вработена како клинички сексолог во Аџибадем Систина
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
фото: depositphotos.com