10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите)

Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцата - ако си помагате, наместо едниот да чисти додека другиот се одмара или е излезен и се забавува, ќе имате многу помалку караници.

terapevti-otkrivaat-koi-10-raboti-kje-ja-napravat-vashata-vrska-posilna-01.jpg

Некои врски траат вечно и никогаш не излегуваат од „медената фаза“, но има и такви врски на кои партнерите мора да работат многу за да бидат среќни.

Според терапевтите, за една врска да е силна, а партнерите да се среќни, тие треба да прават компромиси, да ги прифатат маните на другиот, а верувале или не, многу помага ако си легнат во исто време.

Ова се 10 работи (според експертите) кои треба да ги практикувате за да ја направат вашата врска посилна:

Искрена и отворена комуникација

Ако сте искрени, партнерот ќе ги разбере сите ваши стравови, верувања, очекувања и тоа ќе ви даде на двајцата шанса да си кажете отворено ако со нешто не се согласувате.

Комуникацијата не значи дека треба само да зборувате, туку и треба да го слушате партнерот без нешто друго да ви го одвлекува вниманието (на пример мобилниот или серијата што ја гледате во моментот).

terapevti-otkrivaat-koi-10-raboti-kje-ja-napravat-vashata-vrska-posilna-04.jpg

Негувајте ги заедничките интереси

Сигурно постојат работи што сакате да ги правите и двајцата (можеби токму тоа и ве споило), како на пример готвење, возење велосипед, планинарење, кампување...

Правете ги почесто овие работи заедно и на тој начин зацврстувајте ја врската.

terapevti-otkrivaat-koi-10-raboti-kje-ja-napravat-vashata-vrska-posilna-05.jpg

Комуницирајте и додека сте на работа

Ова не значи дека треба да си праќате пораки на половина час или да се јавувате кај партнерот за секоја ситница, но испратете барем една порака за да му дадете до знаење дека мислите на него/неа.

terapevti-otkrivaat-koi-10-raboti-kje-ja-napravat-vashata-vrska-posilna-02.jpg

Обрнете внимание на ситниците

Партнерите понекогаш суптилно сакаат нешто да му покажат или кажат на партнерот, без оглед дали е тоа кога се сами или во друштво.

Затоа, обрнете внимание на говорот на телото, мимиките во погледот, намигањето, движењата на главата... сето ова може да е мал, суптилен знак кој не треба да помине незабележан (во спротивно партнерот може да ви се налути, а да не знаете зошто).

terapevti-otkrivaat-koi-10-raboti-kje-ja-napravat-vashata-vrska-posilna-11.jpg

Заедно средувајте го домот

Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцата.

Ако си помагате еден на друг, наместо едниот да чисти додека другиот се одмара или е излезен и се забавува, ќе имате многу помалку караници (особено оние кои ги поттикнува несоодветната распределба на домашните активности на партнерите во домот).

terapevti-otkrivaat-koi-10-raboti-kje-ja-napravat-vashata-vrska-posilna-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
2 работи кои им се најважни на луѓето во љубовната врска (за да останат до крајот на животот) Ниту изгледот, ниту лудата авантура... Што е клучно за луѓето да бидат среќни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg