2 работи кои им се најважни на луѓето во љубовната врска (за да останат до крајот на животот)
Ниту изгледот, ниту лудата авантура... Што е клучно за луѓето да бидат среќни и да останат во една долга врска? Што им е потребно за да си речат: „Да, ова е засекогаш“?
Да опстане една љубовна врска на долг рок не е лесно. Со некоја личност треба да го делите целото животно патување и тоа од триумфи и борби до моменти на тишина, буквално да бидете со таа личност во најдоброто и најлошото.
Во истражувањето објавено во магазинот „Evolutionary Psychology“ откриено е кои две работи се клучни за луѓето во љубовната врска, односно кои два критериуми мора да им бидат задоволени.
Што ценат луѓето најмногу во љубовната врска, според психолозите:
Да бидат сакани на „вистинскиот начин“
За долгите врски многу е важно чувството дека сте длабоко сакани и ценети.
Здравата љубов не е опсесивна, туку е балансирана и на неа можете да потпрете.
На луѓето најважно им е да бидат сакани на начинот на кој ним им е потребно, преку зборови, дела и квалитетно време минато заедно.
Комфорот на стабилната врска во која сте ценети е незаменлив и дури и истражувањата покажуваат дека луѓето кои се во ваков тип на врска се соочуваат со помалку негативни емоции во текот на животот.
Да имаат безусловна поддршка од партнерот
Уште еден клучен момент за една љубовна врска е безусловната поддршка до партнерот.
Без разлика дали станува збор за емоционална поддршка, физичка во извршување на некои секојдневни задачи или финансиска, да се има партнер значи да имате на кого да се потпрете за време на животните предизвици.
Да имате кој да ви пружи комфор во тешките времиња и со кој ќе можете да ги споделите одговорностите, тегобите и кој ќе ви биде ветер во грб кога ги бркате целите е клучот.
Исто така, на овој начин со споделување на искуствата расте среќата во добрите мигови, а се намалува стресот во лошите, како што се на пример финансиските проблеми во одреден миг.
Покрај ова, фактот да имате емоционална поддршка во секој миг, односно да знаете дека некој може да ве ислуша и да се бори за вас е клучно.
Чувството дека сте разбрани и дека имате кој да ве развесели кога ви е најтешко е основата на секоја квалитетна врска.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com