Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози

Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои прашања поврзани со сексот кои сѐ уште се сметаат за табу-тема. Кои се најчестите прашања за сексот, за кои луѓето често се срамат да разговараат, според светските сексолози.

raboti-za-seksot-shto-site-gi-interesiraat-a-sram-im-e-da-prashaat-spored-seksolozi-01.jpg

Секој од нас има по некое прашање за сексот, за кое потајно размислува, но се срами да го постави.

Секој од нас понекогаш се нашол во некаква дилема, а светските сексолози издвојуваат по едно прашање што на нивните пациенти најчесто им е срам да им го постават.

Прашања за сексот кои повеќето се срамат да ги постават:

„Дали мастурбирам премногу често?“

Сексуалниот едукатор Франциско Рамирез вели дека често добива прашања од луѓето што сакаат да знаат дали нивните навики за мастурбација се нормални.

Тој ги уверува дека сосема е во ред, без разлика дали тоа го правите често, повремено или речиси никогаш.

„Долгогодишниот срам поврзан за мастурбацијата направи голем дел од нас да сме скептични и да ни станува непријатно, особено кога станува збор за често мастурбирање или кога тоа почесто го правиме, во споредба со сексот со партнерот.

Но, нема ништо лошо и во тоа да мастурбирате повеќепати дневно“ – вели тој.

Сепак, тој вели дека треба да станеме загрижени ако мастурбирањето почне да ни пречи во секојдневниот живот, да ни влијае врз романтичните врски, врз работата или другите обврски.

raboti-za-seksot-shto-site-gi-interesiraat-a-sram-im-e-da-prashaat-spored-seksolozi-02.jpg

„Дали ако користам вибратор, ќе ми се намали задоволството за време на сексот?“

Сексуалната едукаторка Ева Блум, пак, вели дека жените најчесто ја прашуваат дали користењето секс играчки може да предизвика губење на чувството, намалување на задоволството за време на сексот, или неможност за постигнување оргазам.

Според неа, одговорот на ова прашање е: „не“.

Таа вели дека чувството на вкочанетост на клиторисот што се јавува по користењето на вибраторот е привремено.

„Но, кога доживувате оргазам постојано користејќи еден ист метод, без разлика дали е со вибратор или со рацете, може привремено да ви стане потешко да постигнете оргазам на други начини“ – вели таа.

 Според неа, намалувањето на чувството за задоволство и чувствителноста, најверојатно не е последица на секс играчките, туку може да биде последица на стрес, одредени нарушувања на расположението или проблеми со зависност.

raboti-za-seksot-shto-site-gi-interesiraat-a-sram-im-e-da-prashaat-spored-seksolozi-03.jpg

„Дали моите чудни сексуални фантазии значат дека нешто не е во ред со мене?“

„Луѓето често имаат тенденција да ги преиспитуваат своите фантазии и да ги осудуваат врз основа на она што ги возбудува.

Некои ги остваруваат своите соништа со партнерот што им е достапен, но за поголемиот број луѓе, фантазиите се токму тоа - фантазии“ – вели клиничкиот сексолог и сексуален едукатор Лоренс Сигел.

Според него, тоа што личноста ужива во замислување на одредено еротско сценарио, не значи дека е заинтересирана за да го оствари истото во реалниот живот.

„Фантазиите, колку и да ви изгледаат бизарни, не ја претставуваат нужно желбата за такво однесување во вистинскиот живот.

Она што е во вашата глава е само за вас“ – вели таа.

Сепак, нагласува дека ако имате вознемирувачки фантазии, или ви делуваат наметливо, добро е да поразговарате со сексолог со цел да успеете подобро да го контролирате своето однесување.

raboti-za-seksot-shto-site-gi-interesiraat-a-sram-im-e-da-prashaat-spored-seksolozi-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg