Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Имам 33 години и невина сум, кога е најдобро да се загуби невиноста?“
„Јас имам 33 години и сè уште сум уште невина, дали е ова штетно за женското здравје? – една од читателките на CRNOBELO.com го постави ова прашање до клиничкиот сексолог Фросина Крстаноска, во рамки на рубриката „Вие прашувате, македонски сексолог одговара“.
Во текот на изминатиот месец на Инстаграм профилот на CRNOBELO.com, читателите имаа можност да постават прашања поврзани со сексуалното здравје, упатени до докторката Фросина Крстаноска.
Прочитајте го одговорот на едно од прашањата што пристигнаа до нашата редакција:
„Кога е најдобро да се изгуби невиноста, има ли некое правило? Јас имам 33 години и сум уште невина, дали е ова штетно за женското здравје?“
Веројатно под невиност подразбирате состојба дека никогаш не сте оствариле полов однос со пенетрација вагинално/ анално и имате или немате зачуван химен.
За започнување со полова активност нема идеално време и потребно е човекот да биде психички и физички зрел, подготвен да преземе мерки на заштита и да ги решава последиците ако настанат.
Може да е во емоционална врска и не мора затоа што сѐ е зависно од контекстот. Секако и мастурбацијата е полова активност и е нормален дел од половото здравје на жената.
Доколку имате страв, болки и не сакате да зборувате со близок обрнете се на психолог или сексолог да се открие причината, дали имате желба за секс и се возбудувате со партнер/ка.
Гинеколошки преглед е потребен со цел да се види состојбата на гениталниот систем и да се направат хормонски тестирања.
Сѐ зависи од вас дали сакате и како сакате да се случи, невиноста е само поим.
Прочитајте и Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Зошто партнерот не сака да има секс со мене откако се породив?“
На вашите прашања одговара д-р Фросина Крстаноска - интернист и хематолог, и член на Европскиот комитет за сексуална медицина (FESCM).
Вработена како клинички сексолог во Аџибадем Систина
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
фото: freepik.com