Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+)

Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но и врз задоволството што го чувствуваат мажите за време на секс. Колку од ова е вистина, а колку само мит?

vistina-ili-mit-dali-kondomot-vlijae-vrz-izdzhrlivosta-i-zadovolstvoto-na-mazhite-18-01.jpg

За времетраењето на сексуалниот однос се смета само времето на пенетрација, а се исклучени различните форми на предигра, вклучително и оралниот секс. 

Пет минути се земаат како просек.

„Времетраењето зависи од многу фактори, а исклучоците не се земаат како правило“, изјавил д-р Брендан Зич од Универзитетот во Квинсленд за Daily Mail

shto-veli-naukata-dali-prezervativot-vlijae-vrz-izdrzlivosta-na-mazite-vo-seksot-08.jpg

Тој и неговиот тим спровеле опсежна студија врз над 500 парови ширум светот за да го одредат просечното времетраење на сексот, а потоа зеле предвид и други фактори како дали мажот носи кондом.

Понекогаш самиот чин траел 33 секунди, а понекогаш паровите издржувале и над 40 минути.

„Тешко е да се наведе точното времетраење на сексот што би важело за секој пар, но ако се соберат сите резултати, можеме да процениме дека самата пенетрација во просек трае околу пет минути“, заклучил Зич.

shto-veli-naukata-dali-prezervativot-vlijae-vrz-izdrzlivosta-na-mazite-vo-seksot-02.jpg

Оправдувањето на многу мажи, но и жени за некористење заштита за време на сексуалниот однос досега се засноваше на теоријата дека кондомот ќе им го расипе задоволството.

Истражувањето покажало дека употребата на кондом нема посебно влијание врз издржливоста на мажот во сексот.

Сепак, докажано е дека алкохолот го зголемува времетраењето на сексот, но од друга страна, често го попречува достигнувањето оргазам, а може да предизвика и проблеми со ерекцијата.

shto-veli-naukata-dali-prezervativot-vlijae-vrz-izdrzlivosta-na-mazite-vo-seksot-07.jpg

Кога станува збор за влијанието на кондомот врз задоволството, друго истражување спроведено во САД покажува дека нема некоја голема разлика.

Истражувањето покажало дека користењето кондом немало влијание врз потребното време за ерекција. Исто така, користењето кондом не го намалило задоволството ни кај мажите, ни кај жените.

Сепак, се покажало дека испитаниците кои користеле кондом во комбинација со лубрикант чувствувале поголемо задоволство.

Доколку користите кондом и лубрикант заедно, важно е да знаете дека некои лубриканти на база на масло можат да ги оштетат кондомите од латекс.

Ова значи дека шансите кондомот да се скине се поголеми.

Па, важно е внимателно да ги читате состојките на лубрикантот доколку го користите со кондом.

shto-veli-naukata-dali-prezervativot-vlijae-vrz-izdrzlivosta-na-mazite-vo-seksot-09.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg