Бон-тон правила во сексот, што секој културен маж треба да ги знае (18+)
Не избрзувајте да ги покажете сопствените вештини, бидете искрени за тоа што ви се допаѓа и немојте да глумите. Ова се само некои од правилата на добро однесување пред, за време и по сексот што секој маж треба да ги знае. На што друго треба да внимавате?
Бон-тон правилата се наменети за да се олесни комуникацијата меѓу луѓето, а постојат повеќе правила за сексот што секој културен и сексуално активен човек треба да ги знае.
Според сексологот Кгомотсо Масела почитувањето на овие правила значи дека пред, за време и по интимниот чин ќе уживате, а нема да останете засрамени поради своето однесување.
Пред сè, најважно е да постои комуникација меѓу партнерите, а според неа, секој маж треба да ги знае следните бон-тон правила, за да може да си обезбеди нормален сексуален живот.
Водете сметка за хигиената
Пред да имате секс секогаш истуширајте се и потрудете се да мирисате чисто. Чистиот мирис од потсвеста ги трга сите мисли дека сексот е „валкан“ чин, а ако не можете да се истуширате, тогаш не заборавајте барем да ги измиете рацете.
Не ја заборавајте предиграта
На жените им е потребно време за загревање, па затоа немојте да ја прескокнувате предиграта за да имате незаборавни сексуални искуства.
Опремете се со средства за контрацепција и лубриканти
Средствата за контрацепција се неопходни ако сакате да имате безбеден секс, а без дозвола не треба ниту да помислите дека можете да имате небезбеден секс со партнерката.
Исто така, добро е да имате и лубрикант, затоа што сувиот секс воопшто не е пријатен.
Следете го темпото на партнерката
Не избрзувајте да ги покажете сопствените вештини. Дозволете ѝ на партнерката да ви покаже што е она што ѝ се допаѓа за време на сексот и внимавајте на реакцијата на нејзиното тело.
Немојте да глумите
Бидете искрени за тоа што ви се допаѓа и немојте да глумите. Колку сте поискрени, толку ќе биде подобро искуството.
Не брзајте
Не брзајте само да стигнете до оргазам. Сексот не е спринт туку маратон – дозволете нештата да се одвиваат полека и заедно со партнерката да стигнете до целта.