Бон-тон правила во сексот, што секој културен маж треба да ги знае (18+)
Побарајте согласност
Не правете работи заради кои партнерката може да се чувствува засрамено или непријатно и секогаш побарајте согласност.
Внимавајте на хигиената по сексот
По сексот добро е да ѝ помогнете на партнерката да се истушира. На тој начин ќе ја зголемите меѓусебната интимност и ќе ѝ покажете дека се грижите за неа.
Не заспивајте веднаш
Ако си легнете веднаш по сексот, првата помисла на партнерката е дека ви било здодевно или дека единствената работа што ви е важна е интимниот чин.
Не бегајте по сексот
Дури и ако сте имале секс за една вечер, воопшто не е културно да станете и да си заминете како ништо да не се случило.
Не заборавајте да го фрлите кондомот
Не заборавајте да го фрлите искористениот кондом. Воопшто не е културно само да го врзете и да го фрлите до креветот.
По сексот прегрнете ја партнерката
Доколку сте имале пријатно искуство добро би било да се прегрнете и да уживате во взаемната топлина.
Б. С. Б. | Црнобело