Јога рутина за почетници: 10 вежби кои се прават на стол
Иако се изведуваат без да станете од стол, овие јога вежби ќе ги истегнат сите поголеми мускулни групи во телото и ќе ви помогнат да се ослободите од болката.
Јогата е одлична физика активност бидејќи постојат безброј варијанти, вклучувајќи и вежби кои се изведуваат само на стол.
Вежбите кои се изведуваат на стол се идеални за лица со повреди или отежнато движење од какви било причини.
Но, можат да бидат ефикасни за сите бидејќи ја подобруваат флексибилноста, го намалуваат стресот и ја подобруваат циркулацијата на крв.
Јога инструкторите Патрик Франко и Кристин Мекги од САД споделуваат неколку вежби за почетници кои се изведуваат на стол.
Вежбите е препорачливо да и правите по наведениот редослед, бидејќи претставуваат цел тренинг.
Погледнете ги во продолжение:
Прва вежба
Седнете на стол со исправен грб и ставете ги рацете на половината.
Вдишете длабоко од носот, па издишете бавно, исто така низ носот.
Повторете десетпати.
Втора вежба
Седнете на столот, поставете ги дланките на колената и додека издишувате, свиткајте го грбот кон назад.
Додека вдишувате, исправете го грбот.
Направете пет повторувања.
Трета вежба
Седнете на работ од столот со исправен грб и раце поставени на колената.
Без да го мрдате горниот одел од телото, почнете да правете кружни движења со колковите во насока на стрелките на часовникот.
Направете пет движења, па повторете на другата страна.
Четврта вежба
Седнете со исправен грб, кренете ги рацете и спојте ги дланките над главата.
Додека издишувате, спуштете ги рацете странично, во линија со рамената, па додека вдишувате повторно кренете ги.
Повторете пет пати.
Петта вежба
Седнете со исправен грб и десната дланка поставете ја на левото колено.
Со левата рака фатете го потпирачот на столот и полека завртете се кон лево додека издишувате.
Држете пет секунди, па повторете на другата страна.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





