Јога рутина за почетници: 10 вежби кои се прават на стол
Шеста вежба
Седнете со исправен грб и кренете ги рацете, испреплете ги прстите и свртете ги дланките нагоре – како на фотографијата подолу.
Навалете се кон десно и вдишете и издишете трипати, па повторете на другата страна.
Седма вежба
Седнете со исправен грб и со десната дланка фатете го левото уво, како на фотографијата подолу.
Нежно навалете ја главата кон десно – треба да почувствувате истегнување во областа на вратот. Не треба да чувствувате болка, туку само истегнување.
Држете пет вдишувања и издишувања, па повторете на друга страна.
Осма вежба
Седнете со исправен грб и десното стапало ставете го на левото колено.
Свиткајте ги рацете и поставете ги врз десната нога и држете го грбот исправен. Треба да почувствувате истегнување во областа на колковите.
Држете пет вдишувања и издишувања, па повторете од друга страна.
Деветта вежба
Седнете со исправен грб и раширете ги нозете – стапалата треба да ви се свртени кон надвор.
Кренете ги рацете во висина на рамената.
Свртете ја главата кон десно, и навалете го горниот дел од телото кон десно без да ги виткате рацете.
Држете пет вдишувања и издишувања, па повторете на другата страна.
Десетта вежба
Седнете со исправен грб, па навалете се кон напред, како на фотографијата.
Спуштете ги рацете покрај нозете и целосно опуштете го телото.
Останете во оваа позиција колку што сакате, фокусирајќи се на дишењето, па бавно вратете се во почетната положба.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





