Жорж Санд, чие вистинско име било Аурора Дупен, живеела во времето на Наполеоновиот закон кога жените немале право да поседуваат имот, да се разведат и повторно да се омажат. Санд, по осум години брак, решила да се пресели во Париз каде работела како новинар, сликар и пред сè како писател. Токму во Париз се создава Жорж Санд. „Госпоѓа Дупен е мртва, сега постои само Жорж Санд. Жената во машкиот лик.“ И тогаш започнала нејзината борба, не против мажите, туку за правото на жената да биде слободна за да решава за сопствениот живот.