5 добри начини на кои може да патувате и заработувате истовремено

Ако сакате да патувате повеќе од еднаш во годината и поголем дел од времето сакате да го поминете на друго место, мора да најдете начин кој нема да „удри“ по џебот.

5-dobri-nachini-na-koi-mozhe-da-patuvate-i-zarabotuvate-istovremeno-01.jpg

Оние кои се решени дека сакаат почесто да патуваат и се подготвени на сè, се решаваат за заработување за време на патувањето.

Постојат многу начини како може да заработувате додека сте на патување, а ние одвојуваме неколку најпопуларни во различни земји низ светот, па вие направете организација.

Овој нов тип на туризам им овозможува на авантуристите да си ги остварат целите, а притоа да не си го испразнат џебот во странска земја.

Што може да работите додека патувате?

Продажба на производи

Доколку во сопствената земја се занимавате со бизнис на препродажба (козметички производи и слично), истото може да го правите и на патувања.

Земете со вас онолку производи колку што ви дозволува транспортот и препродавајте ги за поскапа цена од набавната.

5-dobri-nachini-na-koi-mozhe-da-patuvate-i-zarabotuvate-istovremeno-02.jpg

Шетајте кучиња

Со шетање на туѓи кучиња може да заработите по 10-15 евра на ден, а овие услуги преку сајтот DogBuddy се практикуваат во Шведска, Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција, Германија, а може да најдете и други слични сервиси.

5-dobri-nachini-na-koi-mozhe-da-patuvate-i-zarabotuvate-istovremeno-03.jpg

Работете како фармер

Може да бидете волонтер на фарма, а со тоа ќе посетите места кои не се толку комерцијализирани и ќе имате многу интересни искуства, додека притоа може да заработите некое евро.

5-dobri-nachini-na-koi-mozhe-da-patuvate-i-zarabotuvate-istovremeno-04.jpg

Полнење електрични тротинети

Електричните тротинети се многу популарни и во Франција, а улиците на Париз се преплавени со нив.

Компаниите кои ги изнајмуваат плаќаат одлично за нивно полнење навечер, а треба да ги вратите пред 7 часот наутро.

Ако патувате во Париз – истражете ја оваа опција, може да заработите до 20 евра од тротинет.

5-dobri-nachini-na-koi-mozhe-da-patuvate-i-zarabotuvate-istovremeno-05.jpg

Чувајте туѓа куќа

Одличен начин да живеете во друга земја без да плаќате, па уште и да добиете пари за тоа што ќе чувате нечија друга куќа.

Одговорностите вклучуваат грижење за миленичиња и одржување на редот и чистотата.

Некои од сајтовите на кои се нудат такви услуги - MindMyHouse sites, TrustedHousesitters, Nomador.

5-dobri-nachini-na-koi-mozhe-da-patuvate-i-zarabotuvate-istovremeno-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Активности кои го зголемуваат нивото на допамин (и ве прават посреќни) Вежбањето и медитацијата го поттикнуваат лачењето допамин, што пак позитивно се ...
Креативни начини како да ги искористите детските базени кои повеќе не ви се потребни Искористете ги старите детски базени и направете креветчиња за уживање, безбедно...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg