Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Активности кои го зголемуваат нивото на допамин (и ве прават посреќни)

Вежбањето и медитацијата го поттикнуваат лачењето допамин, што пак позитивно се одразува на менталното здравје и ве прави посреќни.

aktivnosti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-dopamin-i-ve-pravat-posrekjni-01.jpg

Нашиот мозок ослободува невротрансмитер - допамин, кој е од клучно значење за многу важни функции на телото.

Допаминот управува со центарот за задоволство во мозокот и ги подобрува когнитивните функции.

Бидејќи е исклучително важен за нашата благосостојба и среќа, намаленото ниво на допамин доведува до разни здравствени проблеми, како што се депресија, тага, негативност и разни емоционални проблеми.

За среќа, постојат неколку ефективни начини да се подигне нивото на допаминот во телото:

Вежбање

Вежбањето го зголемува нивото на допамин, серотонин и ендорфини. Редовната физичка активност обезбедува среќа, го зајакнува телото и го намалува стресот.

Јадење одредени продукти

Некои намирници го поттикнуваа ослободувањето допамин. Овде спаѓаат авокадо, темно чоколадо, како и храна богата со протеини.

aktivnosti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-dopamin-i-ve-pravat-posrekjni-02.jpg

Слушање музика

Нивото на допаминот се зголемува и со слушање музика. Сигурно и сами имате забележано дека омилените песни имаат моќ да ве расположат.

Планирање на активностите и водење дневник

Нивото на допаминот се зголемува кога ги организирате малите дневни задачи. Треба да ги напишете задачите на парче хартија и да ги замислувате кога ќе ги направите. На овој начин ќе бидете задоволни кога ќе завршите.

Водењето дневник, пак, ќе ви помогне полесно да се справите со мислите и емоциите, вклучувајќи ги и негативните.

aktivnosti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-dopamin-i-ve-pravat-posrekjni-03.jpg

Креативни активности

Допаминот може да се зголеми со креативни активности. Ова ќе ви помогне и да останете фокусирани.

Обидете се да танцувате, да пеете, да пишувате, да моделирате, да сликате, да готвите, да плетете…

Медитирање

Медитацијата го зголемува нивото на допаминот на поинаков начин од кардио вежбите.

Го подобрува расположението, создава ментална енергија и го релаксира умот. Медитацијата е ефикасен начин за намалување на стресот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Фото-докази дека некои мажи непотребно им го отежнуваат животот на жените „Дечко ми ја преполнува машината за садови и не му е јасно зошто садовите се вал...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg