Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации

Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижите. Најбезбедно е да седнете или да легнете на грб и да ги заштитите лицето и вратот во случај лифтот да падне.

zaglaven-lift-pozhar-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-vo-najchestite-opasni-situacii-01.jpg

Освен оние кои доживеале некоја несреќа, останатите мислиме дека опасните ситуации им се случуваат само на други луѓе или само во филови.

Но, секој од нас може да се најде во опасна ситуација.

Дури и ако сте среќни и никогаш не ви се случи нешто такво, сепак е добро да знаете како би можеле да си помогнете.

Неколку трикови за најчестите опасни ситуации:

Заглавен лифт

Ако ви се заглави лифтот, немојте никако да скокате со надеж дека ќе го придвижите.

Доколку лифтот е заглавен најдолу, само чекајте да дојде помош.

Доколку е на повисок кат, најбезбедно е да седнете или легнете на грб.

На овој начин, доколку лифтот падне, мускулите и масното ткиво ќе апсорбираат дел од силата на ударот.

Препорачливо е и со едната рака да го заштитите лицето, а со другата вратот.

zaglaven-lift-pozhar-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-vo-najchestite-opasni-situacii-02.JPG

Напад одзади

Ако некој ве фати одзади, треба да создадете ситуација за да можете да избегате.

Доколку носите штикли, можете силно да го згазите напаѓачот на стапалото со остриот дел на штиклата.

Ова ќе му го одвлече вниманието доволно за да можете да избегате, а болката ќе му го отежне трчањето.

Доколку сте со рамни чевли, потрудете се да зададете многу силен удар со петата за да има ефект.

zaglaven-lift-pozhar-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-vo-najchestite-opasni-situacii-3.JPG

Пожар

Кога сте во зграда со пожар, не заборавајте дека на почетокот, чадот е најопасниот дел.

Бидејќи чадот се движи нагоре кон таванот, откако ќе ги покриете носот и устата со ткаенина, клекнете на подот и движете се со лазење.

zaglaven-lift-pozhar-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-vo-najchestite-opasni-situacii-04.JPG

Паѓање во замрзната вода

Ако паднете во замрзната вода и околу вас има само мраз, најпрво важно е да ја одржите главата на површината за да не ја изгубите дупката во мразот.

Потоа, најсилно што можете оттурнете се од водата кон мразот и со нозете почнете да претате најсилно што можете.

Бидејќи мразот е лизгав, нема да успеете да се извлечете само со рацете, па затоа е важно да ги користите нозете.

Кога ќе излезете, немојте да застанувате, бидејќи постои ризик повторно да ви се скрши мразот.

Туку, извалкајте се што подалеку од дупката, односно кон брегот.

zaglaven-lift-pozhar-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-da-se-spasite-vo-najchestite-opasni-situacii-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg