Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 секојдневни навики кои можат да го променат изгледот на лицето и телото

Грицкање нокти, дишење со отворена уста, џвакање на храната само на една страна... Некои навики кои ги имаме со години можат да влијаат врз изгледот.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-01.jpg

Сите имаме по некоја лоша навика која ни е тешко да ја искорениме.

Некогаш ваквите навики предизвикуваат минимална штета, но некои можат да имаат поголемо влијание, како, на пример, да ни го променат изгледот.

Осум секојдневни навики кои спаѓаат овде:

Дишење низ уста

Некогаш е нормално да дишите низ уста, како кога сте многу уморни по интензивен тренинг. Но, постојаното дишење низ уста може да го промени изгледот на лицето, особено кај деца кои уште се развиваат.

Дишењето низ уста може да го издолжи лицето и да направи долната вилица да биде поповлечена навнатре.

Ако постојано дишете низ уста, тогаш треба да се консултирате со лекар бидејќи веројатно имате некаков проблем со горните дишни патишта.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-02.jpg

Неправилно држење на телото

Ако постојано одете подгрбавени, може да ви се искриви ’рбетот. Исто така, ако често ја држите главата наведната, како кога гледате во телефонот, може да се промени и формата на вратот, па и да се појави двојна брада.

Секако, овде се и болките во грбот и во вратот.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-03.jpg

Џвакање само на една страна

Ако џвакате само на едната страна, може да се соочите со болка во вилицата, но и да се јават мали деформитети во оваа област.

Доколку ја џвакате храната само на едната страна, мускулите на таа страна ќе се зајакнат повеќе, па лицето нема да ви изгледа симетрично.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-04.jpg

Спиење на стомак

Спиењето на стомак може да биде причина за појава на акни, особен ако имате чувствителна кожа и немате навика редовно да ја менувате перницата.

Притоа, бидејќи ја притискате кожата на лицето во текот на ноќта, може и побрзо да ви се појават брчки.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg