Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите

Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната потопена во солена вода нема побрзо да заздрави.

popularni-letni-mitovi-kremata-so-spf-50-shtiti-povekje-od-taa-so-spf-30-plivanjeto-so-poln-stomak-e-opasno-01.jpg

Скоро секое лето ги слушаме речениците: „не пливај со полн стомак“ или „натопи ја раната во солена вода за побрзо да зарасне“.

Сепак, овие мудрости на постарите не секогаш се точни.

popularni-letni-mitovi-kremata-so-spf-50-shtiti-povekje-od-taa-so-spf-30-plivanjeto-so-poln-stomak-e-opasno-06.jpg

Ова се 4 летни митови кои немаат врска со вистината:

Мит 1: Раната натопена во солена вода зараснува побрзо

Овој совет не секогаш помага.

Солта можеби ја чисти раната, но истовремено предизвикува и иритација.

Не е добро раните да се изложуваат на солена вода бидејќи солта ја „нагризува“ повредата и го отежнува нејзиното заздравување.

popularni-letni-mitovi-kremata-so-spf-50-shtiti-povekje-od-taa-so-spf-30-plivanjeto-so-poln-stomak-e-opasno-02.jpg

Мит 2: Кремот со заштитен фактор 50 штити повеќе од крем со заштитен фактор 30

Кремот со заштитен фактор 50 заштитува само малку подобро од кремот со фактор 30.

Односно, тој со фактор 50 филтрира 98% од УВ зрачењето, додека тој со фактор 30 блокира 96,7% од УВ зрачењето.

Покрај тоа, луѓето мислат дека повисокиот фактор трае подолго, но ова не е точно.

Без разлика на факторот, кремот треба да се нанесува на секои два часа кога сте на отворено, како и по секое бањање.

popularni-letni-mitovi-kremata-so-spf-50-shtiti-povekje-od-taa-so-spf-30-plivanjeto-so-poln-stomak-e-opasno-03.jpg

Мит 3: Пливањето со полн стомак е опасно

Скокањето во ладна вода после јадење долго време се сметало за опасно бидејќи наводно може да предизвика стомачни болки и грчеви. 

Иако организмот ја вари храната после јадењето, тоа не го попречува уживањето во вода.

Но, ако сте срцев или хронично болен, тогаш, без разлика на јадењето, секое ненадејно влегување во водата може да ви направи проблем. 

Ако сте млади, здрави и немате никакви здравствени проблеми, слободно бањајте се откако ќе изедете сендвич.

Само, не е препорачливо да пливате веднаш по обилен оброк бидејќи може да се појават грчеви.

popularni-letni-mitovi-kremata-so-spf-50-shtiti-povekje-od-taa-so-spf-30-plivanjeto-so-poln-stomak-e-opasno-04.jpg

Мит 4: Ланскиот крем за сончање може да го користите и годинава

Ако сè уште го чувате кремот за сончање од минатото лето, фрлете го.

Повеќето кремови за сончање имаат рок на траење од една година од моментот на отворање, под услов да се чуваат на ладно и суво место. 

Дури и да им важи рокот, ефектот на тие кремови е намален доколку се отворени.

popularni-letni-mitovi-kremata-so-spf-50-shtiti-povekje-od-taa-so-spf-30-plivanjeto-so-poln-stomak-e-opasno-05.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Луѓе откриваат со кои неочекувани последици (и придобивки) се соочиле откако ослабеле „Мене лично ми се јавија несигурности за други работи. Кога бев поголема, бев не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg