Херои од реалноста кои си го жртвувале животот за да спасат други (и не треба да ги заборавиме)
Џозеф Бланкстон од Нигерија загинал додека спасувал патници од брод кој почнал да тоне во река. Спасил дури 13 лица, пливајќи од бродот до брегот и назад, и тој бил единствената жртва во несреќата.
Кога се во прашање херои, прво помислуваме на Супермен или Бетмен.
Во реалноста, вакви херои не постојат, но затоа, пак, има најобични луѓе кои прават херојски дела, некогаш и на сметка на својот живот.
Шест херои од реалноста кои не треба да ги заборавиме:
Cajun Navy
Cajun Navy е група волонтери од САД кои имаат приватни бродови со кои спасуваат луѓе кога има природни катастрофи.
Групата била формирана за време на ураганот Катрина во 2005-та, во кој загинаа околу 1.400 лица.
Потоа, во 2016 година, повторно се здружиле за време на поплавите во Луизијана во 2016 година и оттогаш бесплатно ја нудат својата помош за секоја природна катастрофа во САД.
Волонтерите досега имаат спасено илјадници луѓе и во САД веќе ги гледаат како херои.
Алин Пирс
Во 2018 година, во Калифорнија избувна пожар кој важи за еден од најдеструктивните во историјата на американската држава.
Почнувајќи од 8-ми ноември, пожарот траеше 17 дена при што загинаа 85 лица, беа евакуирани 52.000 и беше направена штета од 16 милијарди долари.
Болничарот Алин Пир, кој имал теренско возило од брендот Toyota, си го ризикувал животот за да спасува луѓе.
Неговото возило буквално се топело од пламените, но Алин не се откажувал и им помагал на луѓето кои биле заробени.
На крај, од Toyota му понудија ново возило, во знак на почит за неговата храброст.
Тони Аслуп
Во природните катастрофи, животните обично се заборавени.
Неретко, пак, луѓето кои имаат миленици немаат можност или време да ги спасат.
Но, постојат луѓе кои си ги ризикуваат животот и за животни.
Тони Аслуп, кој е камионџија, спасил 53 кучиња и 11 мачки за време на ураганот Флоренс кој ги погоди Јужна и Северна Каролина во 2018 година.
Уште пред да почне ураганот, тој купил стар училиштен автобус кој го опремил со кафези и возел низ државата за да спасува животни.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





