Херои од реалноста кои си го жртвувале животот за да спасат други (и не треба да ги заборавиме)
Џозеф Бланкстон
Во 2018 година, Џозеф Бланкстон од Нигерија си го жртвувал животот за да спаси 13 лица.
На 28-ми јули, Џозеф и неговата сестра патувале со брод во река во Нигерија.
Поради силните врнежи, бродот, на кој имало 25 патници, се превртел и почнал да тоне.
Наместо да се спаси самиот, Џозеф 13 пати пливал до брегот и назад за да им помогне на другите патници.
Поради премор, Џозеф се удавил на 14-тиот обид за спасување.
Подоцна локалите медиуми известија дека тој бил единствената жртва во несреќата.
Џонатан Смит
Во 2017 година, за време на музички фестивал во Лас Вегас, едно лице почнало да стрела со огнено оружје.
Инцидентот важи за еден од најсмртоносните од ваков тип во САД и животот го загубија 58 лица, а стотици беа повредени.
Еден од преживеаните е Џонатан Смит кој за време на пукањето си го жртвувал животот и спасил десетици луѓе.
Тој буквално ги штител во своето тело додека ги носел на безбедно, при што бил застрелан во раката и вратот.
Самиот бил спасен од страна на полицаец.
Џонатан помина извесен период во болница, додека Американците донираа над 80.000 долари за да му ги покријат трошоците за лекување.
Тили Смит
На само 10-годишна возраст, Тили Смит индиректно спасила многу луѓе од цунами.
Во 2004 година, Тили и семејството биле на одмор на Тајланд, во периодот кога се случи најсмртоносната катастрофа во 21-ви век – цунамито во кое загинаа 227.000 лица.
Недела-две пред да отидат на одмор, Тили на училиште учела за цунами.
Па, додека биле на плажа, ги препознала знаците, како наглото повлекување на водата.
Исплашена, Тили ги убедила нејзините родители дека доаѓа цунами, а мајка ѝ и татко ѝ веднаш отишле да ги предупредат вработените во хотелот.
Благодарение на неа, луѓето од плажата веднаш биле евакуирани, само неколку минути пред да се појави цунамито.
Тили ги спасила буквално сите луѓе кои тој ден биле на таа плажа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





