Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат

Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата на Франциско Гоја која прикажува морничав грчки мит.

mornichavi-umetnichki-remek-dela-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-01.jpg

Уметничките дела можат да бидат убави, но и вознемирувачки.

Без разлика дали се инспирирале од некое тажно лично искуство, некоја мрачна приказна или, пак, само акаат да пренесат трогателна порака, неретко уметниците ги користат своите дела за да ги прикажат најмрачните карактеристики на човекот.

Дел од најпознатите морничави уметнички дела кои треба да ги знаете:

Пол Сезан – Пирамида од черепи (Pyramide de cranes)

Во староста, францускиот уметник Пол Сезан бил фасциниран од смртта.

Од 1989 до неговата смрт во 1905 година, Сезан насликал неколку слики со черепи.

Најпознатата е „Пирамида од черепи“ која ја насликал во 1901 година.

mornichavi-umetnichki-remek-dela-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-02.JPG

Франциско Гоја – Сатурн го голта својот син (Saturno devorando a su hijo)

Делото на шпанскиот уметник Франциско Гоја прикажува сцена од грчката (и римска) митологија.

На морничавата слика се гледа титанот Крон, кој во римската митологија е познати како Сатурн.

Според митот, Сатурн ги изел сите свои деца, плашејќи се од пророштво според кое ќе биде уништен токму од неговите деца.

Сликата е дел од колекција од 14 слики, позната како „Црни слики“, кои Гоја ги насликал помеѓу 1819 и 1823 година.

Интересно е што оваа мрачна колекција била наменета за неговиот дом, а не за јавноста.

mornichavi-umetnichki-remek-dela-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-03.JPG

Едвард Мунк – Крик (Der Schrei der Natur)

Иако ширум светот е позната како „Крик“ (Scream), името под кое сликата првпат била изложена е на германски и може да се преведе како „Крикот на природата“.

Познатата слика на Мунк припаѓа на колекција од четири слични морничави дела кои ги создал помеѓу 1893 и 1910-та.

На секое од нив се наоѓа истиот лик со преплашен израз кој стои на мост.

Според дневникот на Мунк, инспирацијата ја добил додека бил на прошетка.

Уметникот пишува дека се чувствувал уморно и болно, кога забележал дека облаците се црвени како крв од зајдисонцето, а во тој миг му се присторило и дека слушнал крик.

mornichavi-umetnichki-remek-dela-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-04.JPG

Хенри Фусели – Кошмар (The Nightmare)

„Кошмар“ е најпознатата слика на шведскиот уметник Хенри Фусели која се користи како инспирација и до денес.

На сликата од 1781 година е прикажана жена врз која има „инкубус“ – машки демон кој ги демне жените додека спијат.

Според историчарите на уметност, сликата најверојатно е инспирирана од германските народни приказни.

mornichavi-umetnichki-remek-dela-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg