Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации
Паѓање во жив песок
Поради цртаните и филмовите, како деца сите мислевме дека паѓањето во жив песок е смртна казна. Но, има начин да излезете.
Најпрво, важно е да останете смирени, а потоа треба малку да ги ослободите нозете.
Бавно движете ги и кревајте ги нагоре и давајте му време на песокот да го исполни просторот под нив.
Кога ќе можете, легнете на грб – на овој начин ќе зафаќате поголема површина, поради што силата со која дејствувате на песокот ќе биде распределена и нема да пропаднете.
Во оваа, положба полека движете ги нозете и ќе почнат да ви се ослободуваат.
Можете и постепено да се извлекувате со рацете.
Грмотевици на отворено место
Ако во близина нема зграда или возило во кое можете да се скриете, клекнете на земјата и ставете ја главата меѓу колената – како на илустрацијата.
Осигурете се дека во ваша близина нема ништо големо, како дрво.
Ако сте повеќе луѓе, препорачливо е да се оддалечите за во случај едниот да биде удрен од гром, да не настрадаат и другите.
Снежна лавина
Кога сте заглавени под снег, со помош на рацете пробајте да се подигнете нагоре, кон површината.
Доколку не можете да излезете целосно, потрудете се едната рака да ја извадете над површината.
На овој начин, луѓето кои ќе ве бараат полесно ќе ве лоцираат.
Со другата рака пред лицето направете дупка во песокот за да ослободите простор за дишење.
Исто така, дишете бавно и полека за да го штедите кислородот.
Човечко стампедо
Иако ретко кој би помислил, толпите каде што луѓето се многу густо збиени можат да бидат смртоносни.
Ако се најдете во ваква ситуација, не пробувајте да се буткате, туку приоритет треба да ви бидат виталните органи.
Со рацете направете малку простор околу вас, како кафез, и заштитете ги градите и стомакот.
Внимавајте и да не паднете бидејќи можете да бидете прегазени.
Спирова С. | Црнобело