7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор

Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па помала е веројатноста крадец да се обиде да влезе во домот.

7-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-001.jpg

Летната сезона е во полн ек, температурите се неподносливи, па сите заминуваат некаде покрај вода.

Освен што неколкупати ќе проверите дали шпоретот и пеглата ви се исклучени од штекер, постојат уште неколку работи кои треба да ги направите дома, пред да заминете на пат.

Дел од нив во продолжение:

Исчистете го домот

Чистењето не му е приоритет на никој пред патување бидејќи и онака сакаме да се одмориме од секојдневните обврски, но враќањето од одмор ќе биде многу поубаво ако ве пречека чист дом.

Извадете ги од фрижидер сите намирници на кои им истекува рокот на употреба, но и оние кои се изедени до половина.

Исперете ја валканата облека и фрлете го ѓубрето за да не се вратите во дом со непријатен мирис.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-03.jpg

Платете ги сметките

На одмор со сигурност ќе потрошите повеќе отколку што сте планирале, па затоа е паметно да ги платите режиските трошоци навреме, особено ако тоа не сте го направиле претходниот месец.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-09.jpg

Известете некоја блиска личност дека патувате

Пред да заминете на одмор, добро би било да информирате некоја доверлива личност дека ќе ве нема некое време.

Доколку патувате подолго време, пожелно е некој одвреме-навреме да го посетува вашиот дом, за да се избегнат несакани ситуации.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-04.jpg

Скријте ги вредните предмети

Разбојниците се најактивни на лето, кога луѓето не се дома.

Најдобро е додека не сте дома, вредните предмети да ги ставите на места до кои не можат да стигнат.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-05.jpg

Не ги спуштајте сите ролетни

Спуштените ролетни се првиот знак дека нема никој дома.

Експертите препорачуваат ролетните на прозорците кои гледаат кон телевизор, компјутер или некој друг уред да ги оставите спуштени, додека ролетните на прозорците кои гледаат кон кујната или бањата да бидат кренати.

Така се создава илузија дека има некој дома.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-06.jpg

Исклучете ги електричните уреди

Телевизорот, компјутерот, машината за садови и шпоретот исклучете ги од штекер и така ќе бидете мирни дека нема да дојде до несакани ситуации.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-07.jpg

Домашните миленици оставете ги во добри раце

Понекогаш не можеме да ги носиме домашните миленици со нас на одмор.

Во тој случај мора да пронајдете личност која добро ќе се грижи за нив, додека ве нема.

Во никој случај не го оставајте миленичето затворено во домот и само неколку дена.

7-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-zaminete-na-odmor-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg