3 работи што ќе ви се случат кога ќе престанете да се жалите

Секој човек во суштина е позитивна личност; некој повеќе, некој помалку. Некои луѓе се трудат да ги разведрат сите околу себе, други пак да се расположат себеси. Доколку спаѓате во овие вторите, сигурно се прашувате што правите погрешно.

3 raboti sto ke vi se slucat koga ke prestanete da se zalite 01

Одговорот е едноставен - престанете да се жалите.

Можеби ова звучи поекстремно одошто навистина е, но константниот разговор за проблемите ни малку не е здрава рутина што треба да ја применувате.

Престанете да ја храните негативната страна - направете напор да ги игнорирате секојдневните потешкотии и ќе сфатите дека потсвесно сте спречувале подобрување на вашиот живот.

А, во која насока ќе се подобри вашиот живот?

Ќе ѝ дадете значење на сегашноста

Знаете ли што се случува кога ќе престанете да се жалите за нешто? Нештото го снемува! Го заборавате!

Дискутирајќи за работите што ве фрустрираат не правите ништо друго освен што си ја продлабочувате тешкотијата, особено ако зборувате за нешто што веќе е минато.

Минатите настани не може да ги промените, тоа е факт што мора да го прифатите. Само така ќе и го дадете на сегашноста местото што го заслужува, а вие ќе бидете многу посреќни.

Ќе имате многу повеќе време за себе

Замислете дека ви се пружила шанса да излезете на кафе со пријателите по многу долго време. Имате неколку часа да ги поминете во добро друштво и убав муабет, радувајќи му се на пролетното сонце.

Еден од вашите пријатели ве прашува како ви е на работа, или со други зборови го притиснува прекинувачот. Почнувате да објаснувате како шефот ви дава задачи што не се ваши, останувате прекувремено речиси секој ден, платата доцни и… додека се освестите, повеќе од половина од времето сте го потрошиле жалејќи се.

Дали и како тие нешта може да ги промените е друга тема, важно е дека сте ја прокоцкале ретката шанса да се опуштите. Ако се пронајдовте во овие редови, време е да го промените пристапот.

Извлечете го максимумот од вашето време и наместо на жалби и поплаки, искористете го за радост и смеа.

3 raboti sto ke vi se slucat koga ke prestanete da se zalite 02

Ќе почнете да ја гледате добрата страна на нештата

Кога ќе престанете да се жалите за сите лоши аспекти на вашиот живот, ќе почнете да ги препознавате добрите нешта што ви се случуваат.

Колку што има моменти што ја будат вашата фрустрација, има исто толку позитивни случувања кои го заслужуваат вашето внимание. Прославете ги како што треба!

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg