Популарни совети за прва помош кои не функционираат

Секој кој бил дури и најмалку повреден најпрво примил прва помош, а потоа и лекарска помош. А, луѓето веруваат во многу погрешни совети околу првата помош.

popularni-soveti-za-prva-pomosh-koi-ne-funkcioniraat-01.jpg

Не верувате? Уште мислите дека облогите со мраз ви помагаат кога ќе се удрите?

Ќе се изненадите што сè има на оваа листа:

Мраз врз шинати места

Исчашувањето може да настане и додека одите и додека работите на компјутер... Многу луѓе веднаш пристапуваат кон мирување, ставање мраз и потоа полека придвижување.

Сето тоа има логика, освен мразот. Не постои ниту една научна студија која ја покажала неговата ефикасност.

Всушност, тој може да го забави процесот на закрепнување, а дава привидно намалување на болката поради тоа што ги умртвува привремено рецепторите за болка.

popularni-soveti-za-prva-pomosh-koi-ne-funkcioniraat-04.jpg

Лице со потрес на мозок не смее да заспие

Многумина веруваат дека ако ја удрите главата и заспиете, ќе паднете во кома. Но, спиењето и одмарањето се само почетна точка за исцелување на телото, дури и кога се работи за траума на главата.

Изморувањето може да има контраефект.

Ако си ја удрите главата или некој ваш близок се удри, наместо да чекате да покаже симптоми на потрес, најдобро е веднаш да одите на лекар за да се исклучи таа опција.

popularni-soveti-za-prva-pomosh-koi-ne-funkcioniraat-03.jpg

Ако некој има излив, треба да прегриза нешто тврдо

Популарното верување е дека ако забележите дека некој има излив на мозкот, треба веднаш да му дадете да прегриза тврд предмет за да не си го проголта јазикот. Но, размислете, има ли ова воопшто разумна логика?

Најмногу што може да се случи е личноста да ја повреди вилицата, такашто, наместо да барате нешто за да им ставите во устата, а притоа тоа не е чисто и стерилно, тешко дека ќе им помогнете.

Најдобро е да повикате веднаш брза помош и да останете покрај личноста.

popularni-soveti-za-prva-pomosh-koi-ne-funkcioniraat-02.jpg

Живо месо врз модринка

Ова сме го гледале многупати по филмовите и цртаните филмови - некој прима бокс во пределот на окото, а во следната сцена се излежува со големо парче бифтек врз модринката.

А сега размислете на овој начин: би сакале ли течноста од свежото месо, кое е потенцијално контаминирано, да навлезе во вашето повредено око и да предизвика инфекција. Не е баш пријатна помислата, нели? Ладна облога во овој случај врши повеќе работа.

popularni-soveti-za-prva-pomosh-koi-ne-funkcioniraat-06.jpg

Ако губите воздух, дишете во хартиена ќеса

Ова исто така сме го виделе во филмовите, особено кога ликот има паничен напад или хипервентилира.

Во вакви случаи е важно да се вдишува кислород, а што правите со хартиената ќеса? Го вдишувате назад јаглеродниот диоксид кој штотуку го испуштивте.

Решението е да вдишувате длабоко и да го испуштате воздухот низ уста, додека да воспоставите нормален ритам на дишењето.

popularni-soveti-za-prva-pomosh-koi-ne-funkcioniraat-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg