Дискордијанизам - авангардна религија во која не смеете да верувате во ништо
Како и секоја друга појава, дискордијанизмот е креација на своето време, како симпатичен социјален феномен. Едно е да се зборува за мрзеливоста на авангардните писатели кои ја измислиле оваа доктрина, но сосема друго е да се зборува за причина на нејзината популарност.
Многу луѓе тврдат дека за дискордијанизмот не може ништо да се каже со сигурност. Што е, всушност, дискордијанизам? Филозофски став, уметнички манифест или религија?
Името го добива според римската божица Дискордија, или грчка Ерида. Ерида е женско божество, ќерка на Зевс и Хера, сестра на Арес, богот на војната. Таа е божица на несогласување, која не ја сакале ни боговите ни луѓето.
Примарните идеи на дискордијанството се поврзани со карактеристиките на божицата според која го добиле името, Дискордија.
Симболот на дискордијанството е светото „Chao“, познато и како „Hodge-Podge“. Со изглед потсетува на таоистичкиот симбол на Јин-Јанг, но наместо малите кругови, овој симбол се состои од пентагон и златно јаболко, ред и хаос.
За разлика од другите религии, дискордијанците одбиваат да веруваат дека во космосот владее ред. Покрај тоа, не ја прифаќаат ниту спротивноста на ова тврдење. Не постои ред или хаос, тоа е само појава во човечкиот ум, како шаблон или матрица.
Но ниту една матрица не е подобра од другата, па не е лесно да се пронајде вистината.
Дискордијанизмот не е едно од популарните new age учења, туку делумно филозофски став, делумно уметнички манифест, критика преку иронија и начин на изразување кој ги комбинира различните сфери на духовна манифестација.
Меѓутоа, идеите на дискордијанството не завршуваат со метафизички идеи. Можеме да кажеме дека дискордијанизмот не мора да биде поврзан со филозофија, туку со практични, секојдневни човечки проблеми. Дискордијанството, во духот на своето време, служи како афирмација на индивидуалната слобода со негирање на институциите и сите правила.
Ова се наведува во главното дело на дискордијанството, книгата „Principia Discordia“ (1950). Во книгата единствената дефиниција на дискордијанското општество е дека истото не може да се дефинира.
Секој дискордијанец се потврдува токму преку непочитување на правилата и создавање на нови секти, со што ја добива титулата Епископ.
Така, според учењата на дискордјанизмот, секој човек е еднаков, а припадноста кон заедницата се потврдува со непочитување на нејзините правила.
Бидејќи дискордијанизмот е религија на хаосот – спротивноста на редот, ова е недогматична религија. Додека во „Principia Discordia“ постојат многу приказни и толкувања, ученикот е слободен да верува во што сака, како и да биде припадник на друга религија покрај дискордијанствотото.
Дискордијанизмот признава неред, неслога и несогласување како пожелни карактеристики, за разлика од повеќето религии кои идеализираат хармонија и ред. Оваа религија во голем дел се состои од каприциозни и апсурдни идеи, иако многу нејзини поклоници тврдат дека во нивниот несериозен став постои подлабоко значење.
Ашера | Црнобело