Идеи за креативни подароци за на мекици (фото)

Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неколку идеи - од корпи со козметика, до гајба со оригинално закачени парчиња облека, чорапчиња и додатоци. 

idei-za-kreativni-podaroci-za-na-mekici-foto-01.jpg

Секако дека е сосема во ред доколку на мекици за прослава на новородено дете отидете со благо, пијалак и можеби некоја ситница за бебето. 

Но, како и со многу други работи, така и за ова, во последно време многумина си ја пронаоѓаат креативната страна и прават необични пакетчиња спакувани на уникатен начин. 

Па, доколку немате идеја, а се работи за блиски луѓе и сакате подарокот да биде нешто повпечатливо или пак, ако знаете дека нема во скоро време да го видите бебето, тогаш е прифатливо и да однесете пооригинален подарок. 

Доколку се двоумите, во продолжение погледнете неколку идеи и инспирирајте се или направете комбинација по ваш избор и желба:

  • Корпа со производи за козметика за бебе (од бренд кој знаете дека родителите ќе го користат)
  • Гајба со рачка на која ќе бидат закачени неколку парчиња облека и чорапчиња, а внатре наполнета со ситници за бебето, бележници за секој месец итн.
  • Кутија или корпа со тетра пелени, ќебенце, чорапчиња и други ситни додатоци украсени со мала играчка
  • Убаво спакуван сет прибор за јадење или други додатоци кои бебето ќе може да ги користи малку понатаму (ако родителите имаат сè за првата фаза)
  • Кутија со неколку ситници за бебето (ќебенце, глодалка, држач за цуцла), но и мини подароци за мајката (шолја за кафе, благо, свеќа, нешто за релаксација)

Фотки од уникатни пакувања за подароци за новородено бебе кои може да ви послужат како идеја за „направи сам“ или за да покажете пример во цвеќарница:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
13 иритантни работи со кои мажите ги вадат од такт своите сопруги „Маж ми си ги чува носените чорапи, расфрлени среде дневна и спална соба, не му ...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg