Ако некој сака кавга, кажете му нешто убаво: 11 психолошки трикови
Психолошките трикови се честа тема за обработка. Многу од овие трикови им помагаат на разни професионалци да манипулираат со луѓето, како и да се заштитат себеси да не бидат измамени од другите.
Вие не треба да сте професионалци за да се користите со нив - ова се едноставни психолошки манипулации што може да ви послужат во секојдневниот живот.
- Ако сакате тој со којшто разговарате да се почувствува неудобно, погледнете во средина на неговото чело.
- Ако некој се обидува да го избегне одговорот на прашање што сте го поставиле, паузирајте го разговорот и погледнете во неговите очи. Соговорникот ќе се почувствува неудобно и ќе продолжи да зборува, односно ќе ви раскаже повеќе детали бидејќи контактот со очите значи дека вие веќе ја знаете вистината.
- Ако сакате да воспоставите пријателски однос со некого, на пример на работното место, замолете ја личноста да ви помогне или да ви објасни нешто дури и кога тоа не ви е потребно.
- Кога прашувате нешто, климајте дискретно со главата и најверојатно ќе добиете позитивен одговор.
- Кога некому ќе кажете дека не е способен да направи нешто, тој ќе даде се од себе да ви докаже дека не сте во право.
- Ако секогаш заборавате дали ја заклучивте вратата или дали ја исклучивте пеглата, измислете едноставна и бесмислена фраза - на пример кажете “зелен зајак“ секогаш кога ќе ја исклучувате пеглата. Сигурно ќе се сетите дека сте ја изговориле фразата следниот пат кога ќе се почувствувате загрижени дека сте заборавиле.
- Ако некој се обиде да ве вовлече во караница, кажете му нешто убаво - тоа ќе го излуди.
- Ако треба да држите јавен говор, не заборавајте да понесете шише вода со себе. Доколку го заборавите текстот, напијте се неколку голтки и никој нема да забележи зошто го правите тоа.
- Ако некој упорно зјапа во вас погледнете во неговите чевли. Не се откажувајте, по некое време тоа ќе почне навистина да му пречи.
- Ако не се чувствувате наспани, убедливо изговорете го спротивното. Можеби е чудно, но мозокот верува на вашите зборови.
- Луѓето се сеќаваат на тоа што се случило на почетокот и на крајот на денот. Нештата што се случиле измеѓу најчесто не ги паметиме јасно. Затоа, кога се договарате за интервју за работа, одберете термин колку што е можно порано или подоцна - така работодавецот најдобро ќе ве запомни.
А. Ш. | Црнобело