Ајахуаска – мистичен пијалак на амазонските шамани
Светиот пијалак на амазонските племиња, познат како ајахуаска, денес претставува голема мистерија и желба за авантуристи кои сакаат да се убедат во приказните за ефектите на овој пијалак.
Дали станува збор за езотерични шамански ритуали, трансцендентално разбирање на светот или астрални проекции?
Од една страна стојат научниците, чиј пристап кон светот се базира на логичките аргументи, кои го гледаат овој пијалак како психоделик кој предизвикува халуцинации, додека од друга страна стојат спиритуалистите кои сметаат дека ова искуство може да ви го промени животот.
Но што е навистина ајахуаска и како делува овој мистичен пијалак?
Ајахуаска е пијалак или, поточно, светиот напиток на амазонското племе што се консумира преку ритуали. Ритуалите се разликуваат, а начинот на консумација во, на пример, Перу и во Боливија не е ист.
Овој пијалак се добива со варење на посебен вид лиана Banisteriopsis caapi (ајахуаска) и Psychotria viridis која содржи DMT. Што се однесува до етимологијата, зборот ајахуаска може да се преведе како лиана на душата или лиана на смртта.
Овој пијалак е стар повеќе од илјадници години, а со текот на времето станал толку интригантен што создаде дел од денешната култура на латиноамериканските народи. Ова влијание може да се види на примерот на Перу, чија влада ѝ даде посебен статус на ајахуаската и нејзиното влијание врз идентитетот на луѓето од Амазонија.
Искуството често се опишува како отворање на третото око. Така многу луѓе го опишуваат своето искуство како патувањето низ светот во кој се соочуваат со нивните стравови, нивното минато и нивната иднина, моментот кога егото е распаѓа.
Во оваа практика многу е важна и улогата на шаманот, кој ги води луѓето.
Народите од Jужна Америка го сметаат овој пијалак за свет, тврдејќи дека има добар ефект врз човечкото тело. Се вели дека може да го излечи човекот дури и од најсериозните болести, но најчесто луѓето се вклучуваат во овој ритуал поради тврдењето дека ајахуаска може да ѝ помогне на човечката душа.
Консумирање на ајахуаска, како многумина тврдат, не е најубаво искуство. Вкусот на самиот пијалак е речиси неподнослив и ужасен, а може да предизвика и повраќање.
Пред да започне ритуалот потребно е да се придржувате до строг режим. Ова подразбира апстиненција од сол, шеќер и сексуална активност. Подготовката трае 10 дена, а за тоа време се јаде варен компир и се пие вода.
Покрај халуцинациите, несаканите ефекти вклучуваат повраќање и дијареја, бидејќи ајахуаската го чисти организмот од токсини.
Приказната за ајахуаска не може да се сумира во кратки црти, но сигурно е дека се работи за нешто посебно и мистично, а така и ќе остане.
Ашера | Црнобело