Како настанал Дизниленд, најголемиот тематски парк за деца?

Првиот Дизни парк бил отворен на 17 јули, 1955 година, во Анахајм, Калифорнија. Станува збор за прв тематски парк дизајниран и изграден под будното око на основачот, познатиот Волт Дизни. 

Kako nastanal Diznilend najgolemiot tematski park za deca 01

Идејата на Волт Дизни да направи место каде што подеднакво ќе уживаат и возрасните и децата била едноставна, но реализацијата на истото била потешка. Поминале многу години пред оваа идеја да стане реалност.

Волт Дизни, познатиот автор на цртаните филмови, во септември 1953 година решил да го отвори Дизниленд, проект кој барал голема сума пари. Со цел да го реализира сонот и да ги убеди инвеститорите во квалитетот на овој проект, тој решил визуелно да ја претстави својата идеја.

За да ја реализира својата идеја го ангажирал едниот од најдобрите сликари од тоа време, Херб Рајман, кој во една недела успеал да ја завршил мапата на местото.

Мапата успеала да собере симпатии на многу инвеститори, а исто така, служела и како главен промотивен материјал до отворањето на тематскиот парк.

Kako nastanal Diznilend najgolemiot tematski park za deca 03

Долгогодишен напор, работа, дизајн и успешна промоција довеле до отворање на прекрасен парк. Меѓутоа, на денот на отворањето, многу машини и атракции не работеле, поради што овој ден бил наречен Црната недела.

Во текот на своето постоење, Дизниленд имал проблеми со хеликоптери кои дури двапати се урнале, како и со присуство на глодари во парковите. Проблемот со глодарите бил решен со пуштање на 200 мачки кои во текот на ноќта шетале низ паркот.

Од отворањето на еден од најпопуларните туристички атракции за деца и возрасни, Дизниленд го посетиле околу 650 милиони посетители.

Kako nastanal Diznilend najgolemiot tematski park za deca 02

Главното транспортно средство во паркот се возовите, големата страст на Волт Дизни.

Карактерите од цртаните на Дизни ги поздравуваат гостите низ паркот, се фотографираат со децата и ги анимираат.

За оние кои сакаат да го посетат Дизниленд во Калифорнија, ова задоволство чини помеѓу 96 и 266 долари, во зависност од тоа дали ќе се одлучите за билет кој важи еден или пет дена.

Снимка од отворањето на Дизниленд во 1955-та:

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg