9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји

„Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ставеа вечерата на маса, сите седнуваа во исто време, земаа по една лажица или виљушка и јадеа од истиот сад - мајката, таткото, бабата и дедото, децата. Сите! Тоа беше стресно патување“.

10-lugje-koi-otkrija-iznenaduvachki-raboti-pri-svoite-patuvanja-vo-stranski-zemji-01.jpg

Секоја држава има свои закони, обичаи, традиции и по нешто уникатно што ќе им понуди на туристите. Понекогаш, колку и да истражувате за државата која треба да ја посетите, во текот на самото патување е можно да дознаете работи кои ќе ве изненадат и засекогаш ќе останат врежани во вашето паметење.

Во продолжение прочитајте 9 интересни работи кои ги дознале туристи од целиот свет, а ги споделија на Редит:

„Во ОАЕ соколите се многу битна работа. Таму, можеш соколот што си го чуваш дома како миленик, да си го земеш со себе во авион, но треба да му купиш билет и да има медицински пасош.

Не се шегувам, таму навистина има пасоши за соколи“.

„Во Чиле ‘утре’ значи следната недела. ‘Следна недела’ значи - никогаш. ‘Веќе сум таму’ значи ‘Полека почнувам да се подготвувам за да излезам од дома’.

Можете да замислите колку беше ова напорно и збунувачки за мене, особено што сум некој што може да се спреми за 10 минути и да излезе од дома“.

„Крупен маж од народот Маори ми кажа дека сака да си ги допреме носовите во знак на поздрав.

Делуваше нервозно и бесно, но тоа се смени во моментот кога попуштив и дозволив да го допре мојот нос со неговиот.

Кога се оддалечи од мене, ја видов најшироката насмевка во животот. Ова ми покажа сосема неочекувани работи за нивната култура“.

10-lugje-koi-otkrija-iznenaduvachki-raboti-pri-svoite-patuvanja-vo-stranski-zemji-04.jpg

„Не ми се верува колкав степен на доверба постои меѓу луѓето во Јапонија. Влегов во продавница во која нема вработени, а сè функционира беспрекорно.

Си земаш што ти треба, а парите ги оставаш во кутија. Од истата кутија, која е оставена на средината на продавницата, си земаш кусур ако оставиш повеќе пари“.

„Кога првпат ја посетив Јапонија, му ги ‘тутнав’ парите в лице на еден продавач. Но, тоа е голема грешка во земјата.

Тие на пултовите со каси имаат мали послужавници и тука треба да ги оставите парите, а не да им ги давате директно.

Нема да го заборавам изразот на шок на лицето на мажот кога му ги давав парите. Ќе си помислите дека сум му украла нешто, дека сум му се заканила, не дека му давам пари“.

„Во Нов Зеланд насекаде има боси луѓе - во молови, кафулиња, во јавен превоз, боси се шетаат по улица.

Немаат ни чевли, ни чорапи, а очигледно немаат ни грижи“.

10-lugje-koi-otkrija-iznenaduvachki-raboti-pri-svoite-patuvanja-vo-stranski-zemji-03.jpg

„Се преселив во Англија од Бугарија. Во Бугарија кога ја тресеш главата горе-долу тоа значи „не“, а кога ја вртиш лево-десно тоа е „да“.

Не можете да замислите колку е тешко да ја смениш навиката што си ја имал цел живот и да се приспособиш на новите ‘правила’.

Плус, ако згрешиш со ќе делуваш како да со луд - велиш НЕ, а кимаш со главата како ДА“.

„Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства.

Кога ќе ја ставеа вечерата на маса, сите седнуваа во исто време, земаа по една лажица или виљушка и јадеа од истиот сад - мајката, таткото, бабата и дедото, децата. Сите!

Можеби има врска со тоа што бев во понеразвиените делови од земјата, но сепак, тоа беше стресно патување“.

„Во Кина видов многу мали деца со дупки на панталоните, кај задникот и излезени пелени.

Го прашав водичот зошто им се искинати панталоните и дознав дека кога ќе им се кака на децата, тие какаат преку дупката на панталоните, а родителите потоа го собираат изметот или ставаат хартија преку него.

Но, ова го сметаат и за мотивација за децата, да ги научат додека се многу мали да кажуваат дека треба да одат во тоалет.

Ако детето е веќе големко, а има дупка на панталоните, тоа се смета за срамота и за него и за родителите“.

10-lugje-koi-otkrija-iznenaduvachki-raboti-pri-svoite-patuvanja-vo-stranski-zemji-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg