Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го сакате својот мир? Откажете се од 3 нешта

Мирот и благосостојбата на умот и духот ќе ги постигнете во моментот кога ќе се ослободите од нештата кои ве ограничуваат во вашата среќа.

go-sakate-svojot-mir-otkazhete-se-od-ovie-tri-neshta-01.jpg

Мирот е нешто за кое треба самите да се потрудите да го постигнете, а уште поважно - да го задржите. Запомнете, мирот не ви следува како награда, на него треба навистина да работите.

А, ќе работите на својот мир секогаш кога ќе се откажете од:

Стари жалења и изговори

Не можеме да избереме што ќе ни се случи, но можеме да избереме како ќе се однесуваме во однос на она што ни се случува. Никогаш не смееме да дозволиме да нè дефинираат случките од минатото. Треба да воспоставиме контрола врз сожалувањето.

Да, секогаш постоел и подобар начин да постапиме поинаку, но тоа поминало. Завршете со тие стари жалења и изговори. Научете ја лекцијата. Неуспесите доаѓаат од луѓето кои постојано имаат изговори.

Не бидете како нив. Не оставајте недовршени работи за кои ќе имате изговор до крајот на животот.

go-sakate-svojot-mir-otkazhete-se-od-ovie-tri-neshta-02.jpg

Горите од желба да ги имате сите одговори

Помирете се со тоа дека никогаш нема да ги имате сите одговори на вашите прашања. Прифатете дека секогаш ќе има нешто непознато во тоа што го правите. Колку и да ви е јасна визијата за она што го сакате, секогаш има некои магловити делови, за кои треба да почекате подобри времиња да ги откриете.

Најважно е да си дозволите да бидете слободни. Да ги раширите своите крилја и да дозволите да се препуштите на патувањето. Можеби не знаете каде ќе ве одведе тој пат, но додека крилјата ви се раширени, не треба воопшто да се грижите.

Потребата сè да биде исто

Кога нештата се константни и ние се чувствуваме многу помирно и поудобно. Но, тргнете од себе. Дали сте вие истата личност од пред една година? Физички веројатно да, но умствено и духовно сте различни.

Сетете се дека некогаш била доволна само секунда за вашиот живот да добие сосема нова насока. Прифатете дека цело време се движите со неверојатна брзина меѓу мирот и хаосот. Затоа немојте да инсистирате нештата да не се менуваат, бидејќи тоа се сосема нереални очекувања од ваша страна.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg