Најголемите причинители на стравот од неуспех

Стравот е постојан дел од нашиот живот. Тој успева да нè спаси од многу опасни ситуации и да нè спречи да постапиме онака како што инстинктот нè тера.

najgolemite-prichiniteli-na-stravot-od-neuspeh-01.png

Луѓето денеска се плашат од многу работи: од пестициди, од фармацевтска мафија, од епидемии, од вакцини, од отказ, од погрешни одлуки... Секој од овие стравови на еден или друг начин може да се надмине, освен еден, кој е претерано комплициран - стравот од неуспех.

Никој не сака неуспех

Многу е јасно дека никој од нас не би избрал да биде неуспешен. Но, кога се зборува за страв од неуспех, не се мисли на оној кој се појавува кога треба да направиме чекор напред, бидејќи тоа е трема. Стравот од неуспех нè спречува да бидеме најдобрата верзија на себе.

Поради тоа избегнуваме многу предизвици во кои би можеле да згрешиме, но во исто време и пропуштаме навистина добри прилики.

najgolemite-prichiniteli-na-stravot-od-neuspeh-02.jpg

Ова се најчестите причини зошто се плашиме од неуспех:

Искуства од детството

Премногу критичните родители ги одгледуваат своите деца врз основа на ултиматуми за неприкосновена почит, кои се базираат на стравови кои влегуваат „во коски“ кај децата. Ако сте вака одгледани, можно е постојано да ви е потребно одобрување од авторитетите.

Негативен перфекционизам

Перфекционизмот оди „рамо до рамо“ со стравот од неуспех. Во главата на перфекционистите, неуспехот е толку страшна точка, што треба да се избегне по секоја цена - дури и ако тоа значи да се испушти некоја можност за напредување. Кај овие луѓе постои стравот дека никогаш нема да успеат да бидат доволно добри во тоа што го прават.

Недостаток на самодоверба

Лицата со висока самодоверба се свесни дека и неуспехот е составен дел од животот. Наспроти тоа, луѓето со слаба самодоверба сакаат да ги избегнуваат ризиците и да играат на сигурно.

Поистоветување на вредноста со резултатите

Некои луѓе се склони својата вредност да ја поистоветуваат со резултатите кои ги постигнуваат во одредена област. Но, на тој начин само го загрозуваат сопствениот идентитет и самодовербата. Нашата вредност не треба да зависи од грешките кои ги правиме во живот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg