5 работи кои мислите дека ве прават среќни, но всушност го прават спротивното
Каде и да погледнете, која социјална мрежа и да ја следите, прилично сме сигурни дека вашиот времеплов е полн со инспиративни цитати, само-помошта е вештина која се предава насекаде, грижата за себе е случување на деценијата и сите ние сме постојано во потрага по среќа, смиреност и самодоверба ... но дали знаеме каде да почнеме?
Да се биде среќен доаѓа од повеќе од очигледни постапки како на пример да направите добро дело, да бидете здрави и да ги следите своите соништа. Но, понекогаш секојдневните, нормални работи во вашиот живот може да ја саботираат вашата потрага по среќа. Ова се 8 нешта кои мислите дека ве прават среќни, но всушност го прават спротивното.
Ги следите сите ваши пријатели на социјалните медиуми
Социјалните медиуми се одлични за комуникација едни со други, поврзување со нови контакти и формирање на заедница. Сепак, повеќето луѓе ги користат како алатка за објавување на најдобрите случувања во нивниот живот. Запрашајте се колку навистина ве интересираат туѓите животи?
Колку време трошите на нивните профили а колку за вистински да го живеете својот живот? Не треба многу за да сфатите дека се деградирате себеси и вашите достигнувања мерејќи се со другите.
Гледате само право
Кога всушност треба да погледнете и лево и десно. Целите во животот се добра работа - може да ве возбудат и да ве поттикнат да работите.
Но, кога сте толку ориентирани кон целта, лесно е да се навикнете да размислуватедека ќе бидете среќни единствено кога ќе ја постигнете таа цел. Среќата не е нешто што ви се случува - тоа е вештина. Ако не сте задоволни каде сте во моментов, нема да бидете среќни, без разлика каде сте во иднина.
Трошите многу пари за грижа за себеси
Не дека е лошо да водите сметка за себе, напротив - тоа е од суштинско значење за вашата среќа. Но, доколку водите ригорозен режим и се форсирате да правите нешта што во суштина ви ја цедат енергијата, или поточно се вадите од кожа кога немате време за истите, тогаш можеби е време малку да олабавите.
Избегнувате ситуации кои ве прават вознемирени
Никој не сака да се чувствува вознемирено или непријатно. Дали некогаш сте одбиле покана за забава за која сте знаеле дека ќе биде добра бидејќи сте немале друштво?
Можеби избегнувате одредени ситуации со цел да ја ограничите вашата анксиозност и стрес, но избегнувањето на нешто само предизвикува вознемиреноста да расте.
Имате многу слободно време
Иако може да ви се чини дека релаксираниот распоред ве прави посмирени и посреќни бидејќи имате повеќе слободно време, реалноста може да биде спротивна. Ако работите 8 часа неделно, поминувате 40 часа на работа. Ако спиете препорачани осум часа во една ноќ, тоа се 56 часа. Тоа значи дека имате 72 часа слободно време неделно (повеќе отколку што мислевте, нели?)!
Како ги поминувате тие часови? Ако се враќате дома од работа и се фрлате на спалната, колку часови всушност трошите на бесмислено "слободно време"?
Што би сакале да направите во тоа време? Тие 72 часа се ваши - потрошете ги паметно.
А. Ш. | Црнобело