100-те најчитани статии на CRNOBELO.com во 2022
Дел од најубавите домови во Македонија, уникатни запросувања на Македонци, факти за некои од најпознатите личности и љубовни приказни на парови од нашата земја, како и животни битки на наши сограѓани кои си ја отворија душата за читателите – што најмногу се читаше на CRNOBELO.com во 2022? Погледнете ја листата во продолжение.
2022 беше година во која разговаравме со многу Македонци и странци кои живеат во Македонија, пишувавме за најголемите случувања од светот на шоубизнисот, но и за секојдневието во различни земји низ светот, ви го „трениравме“ мозокот со трик прашања, а понудивме и голем број едукативни вести, како и здравствени, животни, љубовни и модни совети.
Како и секоја година, така и оваа, се обидовме да го задоволиме вкусот на сите читатели со разновидни, квалитетни, забавни и уникатни содржини.
Во продолжение погледнете ја листата со 100-те најчитани вести за 2022 и потсетете се на некои од најинтересните за вас:
На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото)
Камењар – урбан лик од скопската шема, по која чувствуваме носталгија, некогашен член на „Нови Дечки“ и криминалист (фото)
Милан Мариќ за улогата на Тома: „Филмот ми направи пекол од животот, има сцени каде што навистина пеам“
Наташа од Скопје е во брак со Кореец: „Го запознав онлајн, дојде до Македонија да ме види и ме чекаше 6 месеци да отидам таму“
Агнеса Органџиева: „Чуваме кралски питон, еднаш ни исчезна дома и 2 недели не ни доаѓаа гости од страв“
Кирил Ангелов од Велес: „На 9 години бев жртва на сексуално злоставување, зборувам јавно со надеж да помогнам на други“
Адријан Гаџа и Сања Николиќ, Врчак и Маја Лазаревска - Македонски естрадни парови чија љубов замина во историјата
Урбан лик: Злате Мехмедовиќ - наш доктор со префинет моден стил и колекција со повеќе од 100 пара чевли (фото)
„Ми се претстави како милијардер и ме однесе на одмор во Бугарија, доцна сфатив дека е измамник“ - Жена споделува хорор искуство
Браќата Михаил и Кристијан од Сиднеј се преселија да чуваат кокошки во селото Зрзе: „Направивме фарма на имотот на дедо ни“
9-те најдобри љубовни парови, според хороскопот
Ана е во брак со фудбалерот Чума Анене: „Се запознавме во Скопје, а сега водиме ‘живот во куфери’ – Норвешка ми е омилена“
Симона од Битола се преселила во викендичката во село Магарево – планински рај во рурален стил (фото)
На гости кај Ирена: Стан од 97m2 со ѕид од природен камен, библиотека и лулашка на терасата (фото)
Мајка oд Македонија се враќа од Украина сама со автомобил со ќеркичката: „Сè е блокирано, имам 10 часа возење до граница“
Кристина, наша стјуардеса: „Имам посетено 100 земји, бев на свадба во Индија, партнерот ме запроси во Катар“
Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насмевка ми е лек за сè“
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, виното и ајварот ми се омилени“
Александра од Куманово 12 години работи на брод: „Аферите помеѓу бродски екипаж постојат, но не како што сите замислуваат“
Синот на Тома Здравковиќ: „Наместо во парк ме носеше во казино – можеа да го спасат, но тој не сакаше“
Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и купив билет за Македонија“
Емакулате, Кенијка омажена за Македонец: „Мојата свекрва е незаменлива, македонските мажи не знаат да танцуваат“
Мрачен хороскоп: Кој хороскопски знак може најмногу да ви напакости (и зошто)?
Дарко Влогс со солзи во очите за анксиозноста: „Првата сопруга ми беше патолошки лажго - имав тежок период, се гушев“
Елена „Живот со стил“ за свадбата со саканиот Бојан: „Сменивме локација во последните 48 часа, но ја имав својата италијанска бајка“
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





