Милан Мариќ за улогата на Тома: „Филмот ми направи пекол од животот, има сцени каде што навистина пеам“
- Детали
- петок, 07 јануари 2022
„Дури откако ја добив улогата сфатив каков пекол си направив од животот“ – вели актерот Милан Мариќ за неговото искуство додека го снимал филмот „Тома“. Мариќ не очекувал дека ќе ја добие улогата, а најголем предизвик му било тоа што воопшто не знае да пее.
Српскиот актер Милан Мариќ 2021-та година ќе ја памети по голем број успеси. Благодарение на улогите во серијата „Беса“ и филмот „Тома“ актерот се стекна со балканска популарност, а неодамна даде интервјуа за повеќе српски медиуми во кои говореше за предизвиците со кои се соочувал додека работел на овие две улоги.
Милан Мариќ гостуваше во емисијата „Пароброд“ каде откри повеќе детали за тоа како изгледало додека работел на улогата на Тома Здравковиќ во филмот Тома. Изјавите на Мариќ се пренесени во republika.rs.
Тој појасни дека за да го долови поуверливо ликот на српскиот пејач, постојано разговарал со братот на Тома, Новица Здравковиќ, кој му открил повеќе детали за животот на пејачот, од кои некои биле смешни, но некои шокантни и невозможни.
Мариќ раскажа за една приказна од младоста на Тома според која кога пејачот во младоста немал пари морал да краде од татко му.
Имено, татко му на Тома ги извадил златните заби од страв и ги скрил, а Тома ги украл и веднаш заминал за Лесковац каде ги стопил за да си земе пари.
Освен за анегдотите, Мариќ говореше и за предизвиците со коишто се соочил откако ја добил улогата. Самиот вели дека воопшто не очекувал да го игра Тома.
„Си отидов опуштено на кастинг, не верував дека мене ќе ме изберат. Режисерите бираа и не мислев дека мене ќе ме изберат. Кога ми соопштија дека ја добив улогата, тогаш почна хаосот. Дури тогаш сфатив што си направив.
Си направив пекол. Јас не знам да пеам. Не сум некој пејач, физички сум целосно поинаков“ – вели Мариќ и додава дека дополнителен товар му било и тоа што во исто време додека се снимал филмот работел и на серијата од осум епизоди, каде треба да игра сосема поинаква улога.
На следната страна погледнете како изгледала трансформацијата на Милан Мариќ во Тома Здравковиќ и уште неколку интересни детали за него...
Би можело да ве интересира:





