9-те најдобри љубовни парови, според хороскопот

Водолијата и Близнаците се совршен пар. Проблем е само да се адаптираат на реалноста, кога ќе им помине фазата на меден месец, но со искреноста еден кон друг тие ќе се изборат со сè.

9-te-najdobri-ljubovni-parovi-spored-horoskopot-01.jpg

Не секој хороскопски знак е компатибилен со друг, некои може да бидат добри пријатели, но не и добри љубовни партнери.

Најдобрите љубовни парови, според хороскопот:

Водолија + Близнаци

Двата знака се ведри и имаат слободен дух. Се интересираат за културни настани и сакаат критично и аналитички да го гледаат општеството. Каде и да патуваат заедно, тие ќе си поминат незаборавно.

Проблем е само да се адаптираат на реалноста, кога ќе им помине фазата на меден месец, но со искреноста еден кон друг тие ќе се изборат со сè.

Лав + Стрелец

Двата знака имаат потреба за возбуда и забава во секојдневието. Екстроверти се, имаат многу пријатели и уживаат во врева и турканици.

Лесно се разбираат и постојано зрачат со позитивна енергија, па затоа се еден од најдобрите парови во Зодијакот. На првиот миг на здодевност во врската, двата знака веднаш преземаат некаков чекор.

Девица + Бик

Двата знака се приземјени и сакаат работите да ги прават полека и постепено и потребно е извесно време за нивната врска да процвета. Сепак, на долг рок се одлични во грижата еден за друг.

Си ги делат домашните обврски и се поддржуваат кога станува збор за напредок на поле кариера. Работат како тим и постигнуваат големи успеси. Практични се и реални во гледањето на работите и знаат дека за една врска да опстане потребна е работа.

Уште 3 парови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Која свекрва никогаш нема да ве смета за доволно добра за синот, според хороскопот? Скорпија: Тие ги сакаат премногу своите синови, па таа длабока љубов во нив чест...
Кој ќе остане младолик, а кој ќе остари пребрзо, според хороскопот? Вагите воопшто не размислуваат за стареењето, а брчките не ги плашат. Тие н...
Љубовен хороскоп за август 2024: Лавови – во врската ќе се разгорат емоции за трета личност Зафатените Овни ќе наидат на бурни односи во првата половина од месецот и загриж...
4 хороскопски знаци во кои се раѓаат најгрижливите татковци Бик - Ако имаат ќерки, овие татковци ќе им ја посветат секоја слободна минута на...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ви создава најмногу стрес, според хороскопскиот знак? Девиците не сакаат јавно да покажат што чувствуваат, па фактот што чуваат сè во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg