Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка oд Македонија се враќа од Украина сама со автомобил со ќеркичката: „Сè е блокирано, имам 10 часа возење до граница“

„Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат на граница и дека на мојата ќерка Марта ќе ѝ дадат исто така дозвола да премине. Сопругот останува тука. Добри сме. Тука сите се истревожени. Никој не очекуваше. Толку мирен народ и сето ова им се случува, јас сум во шок. Првпат во живот да почувствувам такви емоции... Имаме уште 10 часа возење до граница“, вели Мери Амбросова.

majka-od-makedonija-se-vrakja-od-ukraina-sama-so-avtomobil-so-kjerkichkata-se-e-blokirano-imam-10-chasa-vozenje-do-granica-01.jpgфото (десно): Инстаграм

Мери Амбросова е Македонка на која веќе неколку години дом ѝ е Украина, поради сопругот Украинец.

Во интервју за CRNOBELO.com во 2020-та година Мери изјави: „Во Украина дојдов во ноември 2017-та, сопругот е Украинец, па затоа и живееме тука. Уште кога решив дека тој ќе биде мој партнер јасно беше дека ќе треба да се преселам. Кога се венчавме, одлуката беше донесена, иако никогаш не сум сакала да живеам во странство некако лесно се одлучив.

Патувавме со автомобил Скопје – Киев и можев да си земам повеќе работи од дома. Си го земав кучето од Скопје, неколку сувенири кои ми значеа, книги… Облека скоро сѐ оставив во Скопје само тоа што знаев дека ќе го носам или облека која ми значи.“

Сега таа сама со автомобил и со својата ќерка Марта се обидува да излезе од Украина и да дојде кон Македонија.

На Инстаграм Стори во видео обраќање вели:

„Јас патувам моментално и се вклучив со обраќање во живо на Инстаграм за да изгубам време затоа што Украина е огромна и само да ја превозиме треба 10 часа и знаете дека затворени се и границите.

Да се надеваме дека мене како странец ќе ме пуштат и дека на мојата ќерка Марта ќе ѝ дадат исто така дозвола да премине. Сопругот останува тука. Добри сме. Тука сите се истревожени.

Никој не очекуваше. Толку мирен народ и сето ова им се случува, јас сум во шок. Првпат во живот да почувствувам такви емоции.

Сите руски блогери изигруваат дека сè е во ред, никој не се побуни против ова што се прави. Буквално сите курсеви што се руски се поддржани од Украинци и никогаш немало ништо против Русите и ова е трагично што му се прави на овој народ.

До последно они беа за мир и сè да се реши по мирен пат, но ете тоа е. Благодарам на поддршката, не можам да ви вратам на сите во инбокс.

Киев беше блокиран, сега едвај излеговме на автопат, тука се невидени гужви.

Screenshot_5.jpg

Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам дали не.

Мене ми се понуди помош за да излезам и тргнав кон Скопје. Благодарна сум за таа помош, инаку јас буквално немаше да знам што да правам...“

Таа додека патува редовно споделува информации на Инстаграм Стори, па така во една од објавите кажа дека таа и ќеркичката Марта се добро, а исто така рече дека патуваат за Македонија преку Романија.

majka-od-makedonija-se-vrakja-od-ukraina-sama-so-avtomobil-so-kjerkichkata-se-e-blokirano-imam-10-chasa-vozenje-do-granica-10.jpg

majka-od-makedonija-se-vrakja-od-ukraina-sama-so-avtomobil-so-kjerkichkata-se-e-blokirano-imam-10-chasa-vozenje-do-granica-11.jpg

Мери појасни дека сè уште се во Украина и дека кога ќе ја поминат границата нема да имаат интернет. 

majka-od-makedonija-se-vrakja-od-ukraina-sama-so-avtomobil-so-kjerkichkata-se-e-blokirano-imam-10-chasa-vozenje-do-granica-13.jpg

majka-od-makedonija-se-vrakja-od-ukraina-sama-so-avtomobil-so-kjerkichkata-se-e-blokirano-imam-10-chasa-vozenje-do-granica-12.jpg

На Мери ѝ посакуваме безбедно патување.

Прочитајте и Мери Амбросова, скопјанка која љубовта ја одведе во Украина: „Секој викенд прават пикник, децата не јадат слатки и грицки до 3 години“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макф... „Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден чове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg