Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ми се претстави како милијардер и ме однесе на одмор во Бугарија, доцна сфатив дека е измамник“ - Жена споделува хорор искуство

Ја купил со приказната дека е милијардер, ја носел на скапи одмори со приватен авион, а по 6 месеци нејзината бајка се претворила во кошмар – Сесилија Фјелхој, ја раскажува сопствената приказна како мажот што го запознала на Тиндер ѝ го уништил животот и ја „заглавил во долгови до гуша“ преку измами. 

mi-se-pretstavi-kako-milijarder-i-me-odnese-na-odmor-vo-bugarija-docna-sfativ-deka-e-izmamnik-zhena-spodeluva-horor-iskustvo-01.jpg

Сесилија Фјелхој (33) од Норвешка, само неколку месеци по преселувањето во Лондон се чувствувала мошне осамено, па се обидела да ја најде сродната душа на апликациите за состанување.

Сесилија на Тиндер го запознала Сајмон Левиев кој ѝ се претставил како син на рускиот „крал на дијамантите“ Лев Левиев. Сесилија веднаш паднала на неговиот шарм, но и на луксузот со којшто тој ја опсипувал.

Првиот состанок го закажале во хотелот Four Seasons во Лондон, каде тој дошол заедно со неговиот телохранител. Веднаш ја поканил да оди со него со приватен авион во Бугарија, каде тој наводно имал работен состанок, а таа веднаш прифатила.

„Тој едноставно зрачи со самодоверба, не можете, а да не му верувате. Отидовме во Софија, каде преноќивме и тогаш забележав дека има лузни на грбот.

Ми рече дека бил во затвор во Јужна Африка откако некои деловни партнери го наместиле, а бил малтретиран од антисемитисти“ – вели таа.

Кога се вратиле во Лондон, веднаш ѝ испратил букет со 100 црвени ружи, а врската почнала брзо да станува сериозна, па дури заедно отпатувале во Осло кога таа била во посета на семејството.

Еден ден тој ѝ се јавил и ѝ рекол дека итно му е потребна нејзината помош. На WhatsApp ѝ испратил видео снимки од неговиот телохранител со повреди на главата, а приказната била дека во моментот склучува договор вреден 51 милион фунти и дека е во опасност и заради тоа не може да дојде во Лондон.

На следната страна прочитајте како Сесилија дознала дека Сајмон е измамник...



Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Познати личности чии деца починале Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg