„Ми се претстави како милијардер и ме однесе на одмор во Бугарија, доцна сфатив дека е измамник“ - Жена споделува хорор искуство
Дополнително, рекол дека неговиот безбедносен тим му советувал да не ги користи кредитните картички за да не можат да го следат, па побарал од неа да му даде пристап до нејзините кредитни картички.
„Луѓето сега ми велат дека сум била глупава, но јас навистина верував дека животот му е во опасност“ – вели таа.
Тој ја прашал дали ака да живеат заедно и откако прифатила од неа побарал таа да му изнајми куќа што вообичаено чини 11.000 фунти месечно и ја уверувал дека тоа е само позајмица, а потоа сè ќе ѝ врати.
Месеците минувале, а таа не добила пари. По 3 месеци тој ѝ пратил фотографии од амбулантно возило и ѝ рекол дека е нападнат.
Таа веднаш зела кредит од 18.500 фунти и заминала во Холандија каде бил тој за да му даде пари. Во 2018-та година, Сајмон патувал во Шпанија, Франција, Австрија и Италија со нејзини пари.
Околу 13 недели по првата средба, Сесилија веќе имала долг од 185.000 фунти. Во еден миг тој ѝ дал чек вреден 369.000 фунти, но кога таа ја контактирала банката ѝ рекле дека тоа е неважечки чек.
Во тој миг од банката ѝ соопштиле дека Сајмон веќе е под истрага затоа што се верувало дека на сличен начин измамил и голем број други жени.
„Кога се освестив, сфатив дека сум во долгови до гуша и во тешка депресија, а тој успеа да ми го уништи животот за само 6 месеци врска“ – вели Норвежанката која живее во Лондон.
По ова Сесилија конечно го дознала вистинскиот идентитет на својот маж од соништата, за кого се покажало дека е Израелец кој се вика Шимон Хајут кој веќе бил осудуван во Финска затоа што од три жени со измама изнудил 167.000 фунти.
Во Израел веќе го барале со потерница заради измама со чекови.
Се претпоставува дека Шимон седум години пред да ја запознае Сесилија постојано ловел жртви на апликацијата за состанување Тиндер, од кои изнудил вкупно 7,4 милиони британски фунти. Тој беше екстрадиран во Израел каде треба да му се изрече казна за измамата.
За приказната на Сесилија, Netflix направи документарен филм насловен The Tinder Swindler:
https://www.youtube.com/watch?v=_R3LWM_Vt70
Б. С. Б. | Црнобело