На гости кај Ирена: Стан од 97m2 со ѕид од природен камен, библиотека и лулашка на терасата (фото)
- Детали
- сабота, 02 април 2022
„Во овој стан живееме веќе 3 години и уживаме буквално во секој агол, затоа што уредувањето ни претставуваше вистинско задоволство. Не можам да не признаам дека поголем печат на уредувањето имаше мојот сопруг, но навистина има вкус за дизајн и ентериер, така што без двоумење ги прифатив неговите идеи“, вели Ирена (32) од Скопје за станот во кој живее со сопругот и ќеркичката.
Ирена (32) живее во стан во Скопје од 97m2 заедно со сопругот Оливер (34) и ќеркичката Дарија.
Омилени детали од домот ѝ се библиотеката, како и терасата со лулашка, на која обожава да пие кафе и да чита книги во топлите денови.
За уредувањето на нејзиниот дом Ирена открива за CRNOBELO.com:
„Во овој стан живееме веќе 3 години и уживаме буквално во секој агол, затоа што уредувањето ни претставуваше вистинско задоволство.
Не можам да не признаам дека поголем печат на уредувањето имаше мојот сопруг, но навистина има вкус за дизајн и ентериер, така што без двоумење ги прифатив неговите идеи.
Во секој дел од нашиот дом доминираат земјени нијанси и посветли бои.
Во дневната соба и трпезаријата имаме ѕидови од природен камен, којшто даваат посебна топлина на просторот и тука доминираат посветли бои.
Кујната и ходникот се направени по нацрт на наши пријатели дизајнери коишто ни помогнаа да ги реализираме нашите желби според можностите на просторот.