Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и купив билет за Македонија“

„Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбудив едно утро со мислата да се преселам во Скопје. И кога ѝ го соопштив тоа, ме праша: „Дали навистина би го направил тоа?“. Мојот одговор беше „ДА“...“, раскажува романтичниот Ненад Брајиќ (34) од Белград, кој се пресели тука во име на љубовта кон неговата Бисера од Скопје.

dechko-vo-belgrad-vo-ime-na-ljubovta-se-preseli-vo-skopje-kako-se-vljubiv-vo-bisera-i-se-preseliv-vo-makedonija-01.jpg

Ненад Брајиќ (34) е инженер по графичка технологија, кој вели дека никогаш не се занимавал со тоа, туку работел во продажба, а хоби му е фотографија, пишување, готвење и пеење.

Тој е од Белград, но во име на љубовта кон Бисера Дамеска (34), политиколог по струка, а вработена во библиотека во Археолошкиот музеј во Скопје, се преселил да живее во Македонија.

За CRNOBELO.com тој ја раскажува нивната љубовна приказна:

„Приказната за нашето запознавање може ќе звучи малку чудно… Мојата мајка и брат ја познаваа Бисера пред мене. Приказната почнува барем 10 години наназад кога се одржуваше музичкото талент шоу „Операција Триумф“, каде мојот постар брат Вукашин учествуваше.

Тој имаше фанови во Скопје, а меѓу нив беше и Бисера, која преку социјалните мрежи се поврзала со мојот брат, за да ја следи неговата работа, настапите и останатите случувања, а мојата мајка ја имаше во пријатели на Фејсбук.

Така што соопштувањето за врската на нив, беше пречекана со реакција: „Бисерааа? Ах, таа е прекрасна девојка!“

dechko-vo-belgrad-vo-ime-na-ljubovta-se-preseli-vo-skopje-kako-se-vljubiv-vo-bisera-i-se-preseliv-vo-makedonija-04.jpg

На почетокот на ноември минатата година ја заследив Бисера на Инстаграм и почнавме опуштено да се допишуваме. Почувствувавме дека сме многу слични пред сè поради емпатијата, емотивноста и животните рутини.

Таа низ разговор ме покани да дојдам во Македонија во текот на летото или кога ќе имам можност. Случајно или намерно, можност ми се појави брзо, навистина сакав да ја посетам Македонија и да го почувствувам тоа далекупознато македонско гостопримство. Ми се појавија пеперутки во стомакот и од тој ден мислите ми беа во Скопје.

Без големо размислување, јас по неколку дена константно комуницирање на телефон и допишување, купив билет за Скопје. Кога видов како искрено се израдува на мојата посета, почувствував во себе како да ја знам цел живот. На почетокот од декември отидов на 3 дена во Скопје и можам да ви кажам дека тоа беше прекрасно.

Постарите најверојатно би рекле: „Се заљубило момчето, па каде и да го фрлиш ќе му биде убаво“.

Можеби се во право, но јас по тежината на враќањето во Белград и разделбата со неа си реков на себе, но и на неа дека ќе се борам со сите сили да успееме. Сето тоа се случуваше брзо затоа што не сакавме километрите помеѓу нас да ни бидат пречка за нешто искрено и силно.

Брзо почнавме да разговараме за нејзино доаѓање во Белград затоа што тоа ни изгледаше логично. Имав сигурна и добра работа, таа го знаеше српскиот јазик добро. Белград секако нуди повеќе можности. Планот се развиваше во таа насока.

dechko-vo-belgrad-vo-ime-na-ljubovta-se-preseli-vo-skopje-kako-se-vljubiv-vo-bisera-i-se-preseliv-vo-makedonija-03.jpg

Таа во средината на декември дојде во Белград. Ја носев на мали места каде се служи вкусно кафе, шетавме на Калемегдан, по дорчолските улици…

Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови, се разбудив едно утро со мислата да се преселам во Скопје.

И кога ѝ го соопштив тоа, ме праша: „Дали навистина би го направил тоа?“. Мојот одговор беше „ДА“.

Почнавме со плановите околу тоа и сè се случуваше многу брзо, но до тогаш само помеѓу нас двајца. Луѓето околу нас кога слушнаа за тоа без шокирани. Едноставно мислеа дека се шегувам затоа што сум познат во друштвото по смислата за хумор.

Кога сфатија дека сум сериозен, мислењата беа поделени, некои мислеа дека избрзувам, а други ми рекоа „Секоја чест, така се прави тоа“, но сите беа согласни дека ова е храбра одлука и голем чекор.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg