Синот на Тома Здравковиќ: „Наместо во парк ме носеше во казино – можеа да го спасат, но тој не сакаше“

Ќерката Жаклина воопшто не ја видел од нејзини 5 до 17 години, а синот Александар вели дека бил многу млад кога го загубил таткото, но, додека растел со него, му се случувало наместо во парк да заврши во казино или кафеана. Што велат децата на Тома Здравковиќ за него?

sinot-na-toma-zdravkovikj-namesto-vo-park-me-noseshe-vo-kazino-mozhea-da-go-spasat-no-toj-ne-sakashe-01.jpgФото: Facebook/ Александар Здравковиќ/Жаклина Здравковиќ

Биографскиот филм за Тома Здравковиќ викендов се емитуваше на програмата на МРТ, но и на РТС, така што голем дел од балканската публика за време на новогодишните празници имаа можност да се присетат на песните на познатиот пејач, но и да дознаат повеќе биографски факти за него.

sinot-na-toma-zdravkovikj-mozhea-da-go-spasat-tatko-mi-no-toj-ne-sakashe-takov-zhivot-02.jpg.jpg

Од филмот „Тома“ се добива впечаток дека познатиот пејач имал само едно дете, но тоа не е точно, тој имал две деца: ќерка и син.

Од првиот брак со сопругата Олгица со која бил само неколку месеци во брак во 1963-та година ја има ќерката Жаклина, a од бракот со четвртата сопруга Гордана, го има синот Александар.

sinot-na-toma-zdravkovikj-mozhea-da-go-spasat-tatko-mi-no-toj-ne-sakashe-takov-zhivot-03.jpg.jpgФото: Facebook/Жаклина Здравковиќ

По повод 30-годишнината од смртта на Тома Здравковиќ непосредно по премиерата на филмот „Тома“, неговиот вечен дом во Централните гробишта во Белград го посетија и последната сопруга Гордана, но и ќерката Жаклина која тогаш изјави дека нејзиниот татко постојано сакал да ѝ надомести за изгубеното време.

„Го помнам како прекрасна личност, романтичен, тврдоглав, емотивен! Кога сакаше да успее во нешто немаше можност некој да го запре“ – вели таа.

Жаклина вели дека таа израснала во Пула, а тој ја гледал кога доаѓал на концерти. Жаклина појаснува дека во периодот од 5 до 17-годишна возраст воопшто не го видела татко ѝ.

Кога наполнила 18 години самата посакала да го види татко ѝ, по што дошла кај него и останала.

Жаклина денес живее во Холандија, има две деца, а во Србија се враќа многу ретко.

Синот Александар, кој денес живее со мајка му Гордана во Торонто, не се појави по повод премиерата на филмот, но тој во минатото говореше за неговиот татко и за сеќавањата.

sinot-na-toma-zdravkovikj-mozhea-da-go-spasat-tatko-mi-no-toj-ne-sakashe-takov-zhivot-04.jpg.jpgФото: Facebook/ Александар Здравковиќ

Александар, за првпат го посети гробот на неговиот татко во 2016-та година или 25 години по смртта на славниот пејач. Тој тогаш рече дека знаел дека неговиот татко бил мошне болен, но дека сепак бил во шок кога починал.

„На првата операција што ја имаше му извадија бубрег. Јас подоцна дознав дека можеби можеле да го спасат. Но, не го направиле тоа, па неговиот рак на простата метастазирал на вториот бубрег и потоа му остана само дијализата.

Искрено, не верувам дека тој сакаше да живее така, да остане без бубрези и да го водат на дијализа. Тој не беше таков, сакаше да ужива во животот“ – рече Александар.

sinot-na-toma-zdravkovikj-mozhea-da-go-spasat-tatko-mi-no-toj-ne-sakashe-takov-zhivot-05.jpgФото: Facebook/ Александар Здравковиќ

Синот на Тома, признава дека во периодот кога останал без него воопшто и не сфаќал колку неговиот татко бил популарен. Како што вели, Тома дома секогаш бил обичен човек.

„Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како растев без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ.

Бев многу млад кога тој почина, дури подоцна сфатив колку многу тој значи за музиката и за другите луѓе и што остави зад себеси.

sinot-na-toma-zdravkovikj-mozhea-da-go-spasat-tatko-mi-no-toj-ne-sakashe-takov-zhivot-06.jpg.jpgФото: Facebook/ Александар Здравковиќ

Дури кога наполнив 16-17 години, кога почнав да се вљубувам, почнав да ги сфаќам неговите песни. Наместо во парк некогаш со него одев во казино. Видов многу работи многу млад. Не ни знаев што се случува околу мене“ – рече тој во една прилика.

Александар завршил филмска школа во Торонто, а работи како тон-мајстор на концерти, но има и свое музичко студио.

Освен што соработува со познати канадски музичари, вели дека креира и сопствена музика, но неговите песни да бидат прифатени само доколку се доволно добри, а не затоа што е син на познатиот српски пејач.

Прочитајте и Најтажната сцена на која сите плачат во „Тома“ е измислена и уште 5 невистини прикажани во филмот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg