„Иако се дојдени во луксузен хотел, има гости кои оставаат хаос во нивните соби, па собарките едвај успеваат да го средат нередот, а за тоа мора да им се наплати дополнително. Неколкупати месечно има соба со расфрлена тоалетна хартија, со ќебе постелено на под, а врз него поставени чинии и остатоци од храна – како да се на пикник во парк, а не во хотел“, раскажува дечкото од рецепција за CRNOBELO.com директно од хотелот во една европска метропола каде работи.