„Болните стануваат од кревет“ - Легендите за чудотворниот камен во скопско Горњани и Црната Богородица од Калишта

Во манастирот Свети Никита на Скопска Црна Гора верникот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И тоа го повторува трипати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата „Оче наш“, а потоа си ја кажува својата желба или мака.

chudotvorniot-kamen-vo-skopsko-gornjani-i-crnata-bogorodica-od-kalishta-01.jpg

Верата и религијата се длабоко вкорените во македонската историја и минато, а за тоа сведочат многуте легенди и приказни за чудотворни манастири, свети води кои имаат исцелителна моќ и икони кои им помагаат на верниците.

Овие легенди сè уште се раскажуваат, иако се стари со векови. А причината за тоа, е зошто народот верува во моќта на светците и лековитите води.

Кога науката и медицината не можат да дадат одговор на сите прашања, проблеми и здравствени проблеми, тогаш последната надеж на народот е во моќта на светците.

Моќта е во моштите на свети Никита

На местото наречено Тромеѓа, под кое се наоѓаат села Горњане, Бањане и Чучер-Сандево е сместен средновековниот Горњански манастир посветен на светителот Никита. Приказната за овој манастир ја слушнав од мајка ми, кога како медицинска сестра често ги посетувала селата во овој скопски крај.

Легендата која мештаните ја раскажуваат е за моќта на чудотворниот камен во манастирската црква, а велат оној кој тука ќе замисли желба за здравје и љубов, свети Никита ќе му ја исполни.

И додека се раскажува за моќта на чудотворниот камен, вистинската моќ доаѓа од моштите на светецот кој се закопани под манастирската црква.

chudotvorniot-kamen-vo-skopsko-gornjani-i-crnata-bogorodica-od-kalishta-02.jpg

Што ќе се посети манастирот, чуварот ги носи верниците кои сакаат да го посетат каменот во црквата. Тогаш верникот, ќе запали црква, чекајќи домарот да го тргне тепихот под кои стои каменот со кружна форма.

Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И тоа го повторува трипати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата „оче наш“, а потоа си ја кажува својата желба или мака.

Оние кои доаѓаат во манастирот најчесто имаат желба за здравје или потомство.

Една од многуте приказни кои сведочат за моќта на моштите на Свети Никита е за жена која, по долги години борба со неплодност, дошла да побара дете од светецот. Го направила ритуалот, ја кажала молитвата и својата долгогодишна желба, да стане мајка.

По една година и четири месеци таа се вратила во Горњнскиот манастир со својот син во прегратка. Побарала нејзиниот син да биде крстен во црквата и да го носи името на свети Никита, бидејќи тој ѝ ја исполнил желбата.

chudotvorniot-kamen-vo-skopsko-gornjani-i-crnata-bogorodica-od-kalishta-03.jpg

Свети Никита бил великомаченик. Тој бил голем човек, богат кнез, кој откако на сон му се јавил Господ, остава сè, го раздава имотот и почнува да го шири христијанството.

Легендата за свети Никита вели дека Господ му подарил две моќи, моќ да ги реши проблемите на народот и моќ да ја излечи болката, па затоа, векови по неговата смрт, неговите мошти сè уште им помагаат на верниците.

Чудотворната икона со црни лица

На Охридското крајбрежје, во струшкото село Калишта е сместен манастирскиот комплекс Калишта посветен на Пресвета Богородица. За овој манастир се раскажува дека е дом на единствената икона каде Богородица и Исус се нацртани со црни лица.

chudotvorniot-kamen-vo-skopsko-gornjani-i-crnata-bogorodica-od-kalishta-04.jpg

Црквата Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ претставува главната манастирска црква. Во неа се наоѓа позната икона на Црната Богородица. Црквата е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XVIII век.

chudotvorniot-kamen-vo-skopsko-gornjani-i-crnata-bogorodica-od-kalishta-06.jpg

Оваа икона, која е единствена во Македонија и на Балканот е пронајдена во малата пештерска црква во дворот на манастирот. Се раскажува дека оваа икона на која божјата мајка е со црно лице исцелува од сите неизлечиви болести, но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца.

Иконите на кои Богородица е насликана со црна боја се навистина ретки, а поради тоа се верува дека и има исцелителна моќ.

Мештаните раскажуваат дека на Црната Богородица најчесто се молат жени кои не можат да родат децата, но велат и дека оваа икона им помогнала на многу болни „да станат од кревет“.

А во дворот на истиот манастир има и извор на света вода, вода која има моќ да лекува и ослободува од болка и мака.

Но, не сите веруваат во моќта на чудотворните места, во лековитата моќ на водите од изворите во манастирските дворови, не веруваат ниту во светите икони и искрените молитви за здравје, велат тоа е само „моќта на потсвеста“. Но, за многумина овие свети места биле спас!

И низ Македонија има многу вакви места, некои скриени низ планините, други во манастирите и црквите, кои сведочат дека вербата во светото помага.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: Википедија, marh.mk

Би можело да ве интересира:

Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Кристина Димитри за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам моќ да ги излечам сите деца во светот“ „Кога бев малечка татко ми ме викаше Мече“, вели Кристина Димитри и се потпиша в...
Најубавите пораки за 8 Март што можете да им ги испратите на жените во вашиот живот „Кога помислувам на силна жена, помислувам на тебе. Ти си мојот суперхерој кој с...
Секој маж треба да се „разведе“ од својата мајката пред да се ожени... Мажи, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg